ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ КОМПАНИИ ПОДДРЖАНА ОД ФОНДАЦИЈАТА БИТОВ И CATALYSTE+ КАНАДА

News

Повикот за апликации се затвори на 20.02.2023 год

За програмата

Програмата им овозможува на македонските компании да бидат советувани и поддржани од искусни канадски консултанти со богато искуство и врвни достигнувања. Консултантите ќе работат на конкретните предизвици со кои се соочуваат македонските компании, придонесувајќи кон побрз раст, повисока конкурентиност и интеранционализација на компаниите.

Секоја компанија ќе биде поврзана со консултант чија експертиза и искуство одговараат на потребите на компанијата. Консултантите ќе ги пренесат најдобрите бизнис алатки, процеси и системи за подобрување на организациските, производствените, аналитичките и маркетиншките процеси на компаниите, преку обуки и менторства, во времетраење од 2 недели. Главните сектори кои ги опфаќаат консултантите вклучуваат: финансии, туризам и угостителство, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн, иако програмата не исклучува ниту еден сектор.

Програмата е основана во соработка со Catalyste+ (https://www.catalysteplus.org/), (поранешна СЕЅО SACO) канадска организација со 50 годишнo искуство во областа на меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор и на зацврстување на структурите кои ги поттикнуваат економските и општествените промени на локално, национално и меѓународно ниво.

Што обезбедува Македонија2025?

Во склоп на програмата, Македонија2025 ги покрива сите консултантски трошоци.  Исто така, организацијата спроведува евалуација на апликациите, водење на целиот процес на селекција, закажување интервјуа со интернационална комисија и претставници од Catalyste+.

Што треба да обезбеди компанијата?

Претставници на организацијата континуирано ја следат соработката помеѓу консултантите и компаниите. Компаниите треба да обезбедат:

     • Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик

     • Сместување и трошоци за храна во текот на целиот престој на консултантот

     • Локални патни трошоци за консултантот (доколку е потребно)

Кој може да се пријави?

Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:

     • Минимум една година од постоење на компанијата;

     • Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;

     • Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;

     • Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;

     • Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);

     • Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.

По можност да работат во следните дејности: финансии, туризам и угостителство, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.

*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.

Компании кои досега учествуваа на програмата

Како да се пријавите?

Потребно е да испратите:

     • Пополнета апликација на англиски јазик, која може да ја симнете тука

     • Краток опис на вашата компанија, како и за тоа зошто ви е потребен консултант (на англиски јазик);

     • Дополнителни документи, брошури или каталози за компанијата се добредојдени.

Сите заинтересирани компании, документите треба да ги достават до Координаторот на програмата, Воислав Илиевски, на следната адреса – voislav@macedonia2025.com

Крајниот рок за доставување на апликациите е 20 февруари 2023.

Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте нè на voislav@macedonia2025.com.