News
Невидливиот свет околу нас е полн со наука – доволно е да погледнеме подлабоко.
Во рамки на промотивната кампања “Наука за иднината„ Програма за влијание на заедницата, реализирана со поддршка на Џонсон Мети, ја споделуваме инспиративната приказна на Убавка Џинов, наставник по хемија и природни науки во ООУ „11 Октомври“, општина Центар – Скопје.
Преку својата порака, таа ги повикува учениците да ја откријат магијата на науката која секојдневно нè опкружува: “Без хемија нема живот! Хемијата е клучот на невидливиот свет – возбудлива наука која создава вистинска магија низ призмата на животот. Преку експерименти ни дава моќ да го погледнеме невидливото, да бидеме љубопитни и да креираме решенија за иднината.„
Во својата лична приказна, Убавка ја руши претставата дека хемијата е тешка и недостижна: “Кога ќе го слушнете зборот хемија, често помислувате на тешки формули, равенки и табели. Но јас сум тука за да ви дадам очи со кои ќе го гледате светот поинаку. Хемијата не е само во лабораторија – таа е во здивот што го земате сега, во бојата на вашите патики и во начинот на кој телото ја претвора храната во енергија.„
Како наставник, таа ја доживува хемијата како повик, а не само како професија – улога што обединува научник, ментор и “магионичар„. Нејзината мисија е јасна: да покаже дека со вистински пристап, науката може да биде разбирлива, логична и забавна за секого, и дека токму преку хемијата се раѓаат иновативни решенија за иднината.
Убавка Џинов е дел од заедницата на инспиративни наставници кои преку “Наука за иднината„ ја доближуваат науката до учениците и ја претвораат љубопитноста во знаење, а знаењето – во сила за промена.
———————-
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика. Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК.
Повеќе за промотивната кампања “НАУКА ЗА ИДНИНАТА„
Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!
Кампањата е имплементирана во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата “Науката и јас„.
Повеќе за проектот во Македонија2025 “Науката и јас„ и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука.
Related News