Events
На 17 февруари 2026 година, во просториите на Студентскиот културен центар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, се одржа првата практична работилница за 2026 година во рамки на програмата „Атанас Близнакоф“, организирана од Maкедонија2025 во соработка со Универзитетското студентско собрание и Центарот за кариера на УКИМ. Темата на работилницата беше „Креативно размислување за кариерен развој“.
Работилницата ја водеше Ана Костовска – основач на Центарот за системски развој ЦСР СОНИК и организациски психолог со повеќе од 17 години искуство во развој на луѓе и функционални работни системи. На настанот учествуваа стипендисти од програмата „Атанас Близнакоф“, како и студенти од различни факултети на УКИМ.



Главната цел на работилницата беше да им помогне на студентите да го обликуваат својот кариерен пат преку примена на методологијата design thinking. Преку интерактивни дискусии и индивидуализирани практични вежби, учесниците работеа на:
• подобро разбирање на сопствените интереси, вредности, предизвици и силни страни
• генерирање идеи за можни кариерни насоки
• планирање мали, реални чекори кои водат кон посакуваната кариера
Работилницата во целост ја исполни својата цел, овозможувајќи им на младите учесници практични алатки и нови перспективи за препознавање и развој на сопствениот потенцијал.
Изразуваме искрена благодарност до Студентскиот културен центар при УКИМ за поддршката и партнерството во реализацијата на оваа значајна активност.
Related Events