Замислуваме програми, застапување и истражувања кои ќе го олеснат создавањето на напредно знаење и трансформација на Македонија во енергична економија.
За нас
Нашата цел е да поттикнеме одржлив економски раст кој ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Опфаќаме широк спектар на програми кои им овозможуваат на иселениците да се вратат во својата татковина.
Нашата мисија е да ја обликуваме иднината на Македонија преку промовирање на одржлив економски раст што ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори.
Нашата визија е Македонија да стане водечка економија и најпросперитетна земја во регионот.
Ги развиваме лидерските, менаџерските и претприемачките капацитети на врвните македонски лидери на утрешнината, поддржувајќи ги надежните млади таленти да го достигнат својот целосен потенцијал и да станат успешни професионалци.
Посветени сме кон поддршка на конкурентноста на македонските компании, привлекување странски инвестиции и стимулирање на растот и развојот на извозот. Работиме на поддршка за постојан развој на претприемачи, стартап компании и раст кон странските пазари.
Се заложуваме за градење на силни партнерства и заедничка соработка кон градење на посилна нација. Ние претставуваме платформа за сите Македонци ширум светот да се обединат, да помогнат и да се придружат на нашите напори за поддршка на економскиот и демократскиот раст на Македонија.
Се залагаме за транспарентно општество и општество без корупција преку обезбедување стручно водство и истражување за клучните економски предизвици. Оттука, го подобруваме деловното опкружување и ја користиме поддршката од нашите иселеници за економски напредок на земјата.