Нова генерација на 40 студенти – добитници на „Атанас Близнакоф“ стипендијата за студентска извонредност

News

Четириесет студенти од првиот циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје се добитници на стипендијата „Атанас Близнакоф„ за студентска извонредност на Фондацијата МК2025. Годишно секој студент ќе добие 2,500 американски долари (денарска противвредност) стипендија како поддршка за своите студии. Стипендиите се обезбедени од фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како поддршка за новата генерација на академски граѓани.

Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прва година на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје, кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но немаат доволно средства за продолжување на сопственото образование.

Фондацијата МК2025 по трет пат го администрира отворениот повик за стипендии на фондацијата „Атанас Близнакоф„ преку која досега поддржавме 134 извонредни студенти од 25 градови, кои студираат на 17 факултети во 47 студиски програми,  со речиси еднаква родова и етничка застапеност. Со новите стипендисти семејтвсото на Атанас Близнакоф стипендисти ќе се зголеми на над 160 стипендисти.

Во продолжение следи листата на добитници на стипендијата:

ИмеПрезимеФакултетГрад
ЕсмаРамаданиМедицински факултетСтруга
АнтониоРистовскиФакултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)Велес
НадаСпасескаЕкономски факултетГостивар
АлександраНовакоскаФакултетот за земјоделски науки и хранаСкопје
ВерицаПоцеваФакултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТс.Подареш-Радовиш
ТијанаРадовиќМедицински факултетСтруга
ТијанаМанасоваФакултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)Свети Николе
ТифаниАтанасоскаФилозофски факултетПрилеп
МаријаКостадиновскаМашински факултетКавадарци
СабинаГуџевиќМедицински факултетс.Лажани – Прилеп
ЕмануелАврамоскиФакултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТс.Самоков – Македонски Брод  
КевинПецовФакултетот за музичка уметностс. Ѕвегор – Делчево
ТеофанијаКостантиновскаМедицински факултетБитола
ФисникМеметиМедицински факултетСкопје
СофијаСтојановскаФакултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)Скопје
АнтониоТрајкоскиФакултетот за музичка уметностПрилеп
АјлаМемедиПравен факултет „Јустинијан Први“Скопје
ЕдонаУзаириМедицински факултетТетово
ТамараИвановаФармацевтски факултетГрадско
АлбенитаХоџаЕкономски факултетСкопје
ЈанаДуклескаЕкономски факултетОхрид
БелкисаКаилиМедицински факултетСкопје
МединеАрслановскаМедицински факултетСкопје
АлмаРамаданиМедицински факултетСкопје
ЗехраИдризМедицински факултетСкопје
ЉубицаРистескаПриродно-математички факултетКичево
ТеодораИвановаФакултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)Градско
ЕрдуанОсманиМедицински факултетСкопје
МатејЗвездакоскиФакултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)Прилеп
АлександраДавчеваЕкономски факултетНеготино
Mарио ТушеСтојановскиФакултетот за музичка уметностРесен
ЈованаДимитровскаЕкономски факултетДелчево
БојанаМитревскаСтоматолошкиот факултетВелес
Ана МаријаЦветаноскаМедицински факултетТетово
АсимКазовскиПриродно-математички факултетДебар
СтефанДоцевскиФакултетот за физичко образование, спорт и здравјеКуманово
ИваПарапанскиФилолошкиот факултет ,,Блаже Конески”Прилеп
ДраганаСпасеваФакултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТВелес
JanaNikoloskaПриродно-математички факултетКичево
НесринЗенделиМедицински факултетСкопје

Правото на користење на стипендија започнува откако избраните апликанти ќе достават потврда за редовен студент запишан/а во прва година на прв циклус на академски студии на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2024/2025 година.

Дистрибуцијата на стипендиите ќе се реализира преку „Атанас Близнакоф“ фондацијата при УКИМ.

МК2025 ќе остане партнер на фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД и „Атанас Близнакоф“ фондацијата при УКИМ и во иднина, и тоа преку процесот на активно следење на успесите на стипендистите и нивното право за продолжување на стипендијата.

Им честитаме на сите добитници и им посакуваме да ја искористат оваа неверојатна поддршка да ги остварат своите соништа, да се усовршуваат и посветат на студиите и да го отклучат светот на можности и професионален раст и развој!