Оглас за пријавување на бизнис експерти и консултанти за обука и меѓународна сертификација за дигитален експерт

News

Центарот за дигитална трансформација „ГоДигитал“, со поддршка од Македонија2025 објавува отворен повик за обука и меѓународна сертификација за дигитален експерт за бизнис експерти и консултанти. Сите заинтересирани бизнис експерти и консултанти (вклучително и консултантски компании) можат да се пријават за бесплатна обука и сертификација во три области:

  • е-трговија и експерт за социјални медиуми,
  • експерт за дигитална трансформација и
  • ИТ безбедност

ГоДигитал ги покрива сите трошоци за обука и меѓународна сертификација на консултантите, додека пак консултантите ќе имаат обврска за враќање на средствата за обуката кон „ГоДигитал“ во форма на консултантски услуги за микро, мали и средни претпријатија. Консултантските компании кои ќе предложат консултанти ќе имаат можност за комерцијални ангажмани на проекти во македонски микро, мали и средни компании.

Обуката ќе започне на 15.03.2024 (петок), и ќе трае во 3 турнуси од по два дена, како и практичен испит за сертификација од лиценцирана Австриска организација.

Апликантите треба да ги исполнуваат следните административни барања:

  • Физички лица граѓани на Република Македонија;
  • Најмалку 8 години работно искуство како самостоен консултант или во рамки на компанија,
  • Завршени најмалку додипломски студии,
  • Напредна компјутерска писменост,
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Предност имаат кандидатите со искуство и сертификати во технологија, иновации и бизнис процеси.

Пријавувањето се врши преку пополнување на форма достапна подолу. Потребно е да се достават следните документи:

  • Професионална биографија;
  • Мотивациско писмо (најмногу 500 зборови);
  • Референци/сведоштва од најмалку еден претходен клиент (до 300 зборови по документ);
  • Примери (case study) за две успешно завршени консултантски работи за дигитална трансформација на бизниси (до 500 збора);

Дополнително да се достави референца од работодавач доколку пријавувањето е преку консултантска компанија.

Крајниот рок за апликации е понеделник, 26.02.2024 во 23:59.

За повеќе информации контактирајте не на: 02/3161015

Лице за контакт: Јана Крстевска (jana@macedonia2025.com)