News
Данка Јефтимова, стипендистка од генерацијата2024/2025 во рамки на фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„, е ученичка во трета година воПриродно-математичката гимназија во Скопје, на насокатаМатематика–информатика. Таа доаѓа од Кочани и е дел од оние тивки, но извонредни умови кои доследно постигнуваат врвни резултати.
Со освоено второ место на Државниот натпревар по математика и трето место на Државниот натпревар по информатика, Данка ја потврдува својата страсна поврзаност со логиката и аналитичкото размислување. Учеството на Македонската математичка олимпијада, како и положениот CS50P курс по Python на Харвард, ја позиционираат меѓу водечките млади умови во СТЕМ областите.
Во текот на 2025 година, Данка:
Во тим со своја пријателка, Данка напиша труд на тема:
„Биокомпјутери и ДНК програмирање: Искористување на кодот на животот“, во рамки на конкурс организиран од СММ, Здружението за информатика и МАНУ. Преку оваа иницијатива:
„Ги надградив моите истражувачки способности, успеав да прикажам една напредна тема на лесен и разбирлив начин и секако научив нешто ново за еден нов начин на програмирање“, вели Данка.
Во ноември 2024, Данка активно се приклучи на крводарителска акција на Црвен крст – Карпош, каде помогна во логистичката поддршка на дарителите. Таа покажува дека покрај алгоритми и формули, разбира и важноста на човечката солидарност.
Соработката со нејзината менторка во рамки на програмата била од исклучително значење: “Со нејзина поддршка и помош успеав да добијам место во виртуелниот камп. Таа ми го раскажа факултетскиот процес и нејзиното искуство, со што ми одговори на многу прашања и дилеми поврзани со мојата идниот академски развој и кариера„, споделува Данка.
Данка Јефтимова е пример за млада личност која со љубопитност, дисциплина и отворен ум ја гради својата иднина. Таа е симбол на новата генерација девојки во технологијата – храбри, паметни и подготвени да создадат подобро утре.
Related News