Отворен повик – Програма за развој на микро, мали и средни компании поддржана од Фондацијата Битов и Catalyste+ Канада 2025

News

За програмата

Програмата им овозможува на македонските компании да добијат стручна поддршка и советување од искусни канадски консултанти со богато меѓународно искуство и врвни професионални достигнувања. Консултантите работат на конкретните предизвици со кои се соочуваат компаниите, придонесувајќи кон побрз раст, зголемена конкурентност и интернационализација.

Секоја компанија се поврзува со консултант чија експертиза и искуство одговараат на нејзините специфични потреби. Консултантите пренесуваат напредни бизнис алатки, процеси и системи за подобрување на организациските, производствените, аналитичките и маркетиншките капацитети преку обуки и менторства во времетраење од две до четири недели. Главните сектори кои ги покриваат консултантите се: финансии, туризам и угостителство, агробизнис, ИКТ, управување со природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија и други. Програмата не исклучува ниту еден сектор.

Програмата е основана во соработка со Catalyste+  (поранешна СЕЅО SACO) канадска организација со 50 годишнo искуство во областа на меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор и на зацврстување на структурите кои ги поттикнуваат економските и општествените промени на локално, национално и меѓународно ниво.

Што обезбедува Македонија2025?

Во рамки на програмата, Македонија2025 ги покрива сите трошоци за ангажирање на консултантите. Дополнително, организацијата ја спроведува евалуацијата на апликациите, го води целиот процес на селекција, организира интервјуа со консултантите и ја координира соработката со Catalyste+. Претставници на Македонија2025 континуирано ја следат соработката меѓу консултантите и компаниите.

Обврски на компанијата

Компанијата треба да обезбеди:

  • Лице кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик.
  • Сместување и трошоци за храна во текот на целиот престој на консултантот.
  • Локални патни трошоци за консултантот (доколку е потребно).

Кој може да аплицира?

Програмата е наменета за микро, мали и средни компании кои ги исполнуваат следните услови:

  • Минимум една година активно работење;
  • Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;
  • Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;
  • Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;
  • Во добра финансиска состојба (има можност за имплементација на промените и препораките од консултантот);
  • Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.

*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.

Компании кои досега учествуваа на програмата

Како да се пријавите?

Потребно е да доставите:

  • Пополнета апликација (на англиски јазик) – симнете ја ТУКА;
  • Краток опис на вашата компанија и причините зошто ви е потребен консултант (на англиски јазик);
  • Доколку имате – дополнителни документи, брошури или каталози за компанијата.

Сите заинтересирани компании, документите треба да ги достават до Координаторот на програмата, Бојана Киселоски, на следната адреса – bojana@macedonia2025.com

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15 јули 2025.

Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте нè на bojana@macedonia2025.com.