58 студенти добитници на стипендии од „Атанас Близнакоф„ програмата за студентска извонредност

News

Педесет и осум студенти од првиот циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје се добитници на стипендијата „Атанас Близнакоф„ за студентска извонредност на Македонија2025. Годишно секој студент ќе добие 2,500 американски долари (денарска противвредност) стипендија како поддршка за своите студии. Стипендиите се обезбедени од фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како поддршка за новата генерација на академски граѓани.

Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прва година на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје, кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но немаат доволно средства за продолжување на сопственото образование. Стипендистите се од различни делови на Македонија, со речиси еднаква родова и етничка застапеност.

Македонија2025 по втор пат го администрира отворениот повик за стипендии за оваа стипендиска програма и на наше задоволство примени беа над 130 апликации. Иако првично беше планирано да бидат доделени 40 стипендии, фондацијата „Атанас Близнакоф„ и семејството, одлучија и оваа година бројот на доделени стипендии да се зголеми, односно да се поддржат 58 апликанти кои се пријавија на овој конкурс.

Во продолжение следи листата на добитници на стипендијата:

 ИмеПрезиме Град
1МагбераАлијевска Скопје (Шуто Оризари)
2ЕленаМарковска Битола (Горно Оризари)
3РуменаКарафилоска Гостивар
4СемраКамберова Велес (Долно Јаболчиште)
5МаријаГрујоска Гостивар (Беловиште)
6МатеаКаревска Куманово
7ТеонаСтанковска Скопје (Петровец)
8МилеГеоргиев Валандово (Пирава)
9КиметДалипи Скопје (Чаир)
10АнамаријаМитковска Куманово
11ЛеонтинаВељковиќ Куманово
12ЕлмаАдеми Скопје (Чаир)
13АлександарМилков Кавадарци
14ФилипАнтовски Скопје (Аеродром)
15АнамаријаСтојкоска Кичево
16АнастасијаМалеска Струга (с. Мороишта)
17ЕмилијаКлечкароска Струга (с. Мороишта)
18ЛејлаАзири Скопје (Сарај)
19ВикторијаСандева Пробиштип
20ФатимеНуредини Арачиново (с. Орланци)
21БојанЧаприќ Кавадарци
22ЈованаМеловска Скопје (Карпош)
23ЈованаКотеска Скопје (с. Волково)
24БојанаКотеска Охрид (с. Долно Коњско)
25ЈонаАсани Боговиње (с. Камењане)
26РистеБрчиоски Гостивар
27ЛетицијаПоповска Куманово
28ТеодораВчковска Битола
29ЏесикаАрсова Скопје (Аеродром)
30СелмаБајрами Арачиново
31СашаСтојановска Скопје (Центар)
32РоманаФилипоска Тетово
33МаријаБрајаноска Скопје (Аеродром)
34СтефанАтанасовски Трајковиќ Велес
35АљимеАбдулаи Скопје (с. Студеничани)
36СараМитковска Куманово
37АлександарМаџоски Скопје (Карпош)
38ДаниелаПавловска Скопје (Кисела Вода)
39АнѓелаДраган Велес
40ФатбардаБериша Сарај (с. Рашче)
41МихаелаТренчевска Скопје (Гази Баба)
42EрикаСтименовска Делчево
43АлекМициќ Куманово
44ОљаТрајковиќ Куманово
45КатеринаМаневска Охрид
46МатејМомевски Кратово
47ФљамурЛимани Куманово
48АнастасијаМилошеска Струга (с.  Драслајца)
49МиленаМалиновска Куманово (с. Лопате)
50ТеодораАтанасовска Куманово
51СимонаТошевска Куманово
52МаријаЈованова Виница
53ЗоиЛазарова Струмица
54МилицаДимитриевска Скопје (Кисела Вода)
55АнгелаТодоровска Куманово
56ЦветанкаКаракулева Кавадарци
57ЛеонтинаНиколовска Куманово
58ИлкаБакиу Скопје (Бутел)

Правото на користење на стипендија започнува откако избраните апликанти ќе достават потврда за редовен студент запишан/а во прва година на прв циклус на академски студии на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2023/2024 година.

Дистрибуцијата на стипендиите ќе се реализира преку „Атанас Близнакоф“ фондацијата при УКИМ.

Македонија2025 ќе остане партнер на фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД и во иднина, и тоа преку процесот на активно следење на успесите на стипендистите и нивното право за продолжување на стипендијата.

Им честитаме на сите добитници и им посакуваме да ја искористат оваа неверојатна поддршка да ги остварат своите соништа, да се усовршуваат и посветат на студиите и да го отклучат светот на можности и професионален раст и развој!