Анастасија Малеска – позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна

News

Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност Анастасија Малеска, студентска на Машинскиот факултет во Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.

“Благодарам е зборот што од срце го упатувам кон Фондацијата МК2025, до сите оние што ми помагаат да ја создадам својата иднина. Убаво е чувството кога вашиот пркос и желба за нови достигнувања се поддржани од некого. Некој кој ве мотивира, ви пружа сигурност и е ветер во вашиот грб.

Јас ја живеам мисијата што ми ја овозможува мојата идна професија и тоа ми дава крилја да истражувам, да експериментирам и постојано да се едуцирам. Кога ќе се свртам назад, Машински факултет е најдобриот избор што го направив. Низ лавиринтите на мехатрониката ме водат амбициите за тоа што го сакам и кое мора да го постигнам. Всушност, како иден инженер јас ќе ја креирам иднината, претварајќи го сонот во реалност, помагајќи му на човештвото.„