Macedonian Summer Program 2024 – Critical Languages Institute – Arizona State University

News

„Центарот за критични јазици“ (Critical Languages Institute), како дел од „Меликјан – Центар за руски, евроазиски и источноевропски студии“ (The Melikian Center: Russian, Eurasian & East European Studies) при Државниот универзитет во Аризона (Arizona State University) организира студиска програма по македонски јазик во рамките на летниот семестар 2024 г.

Всушност, оваа програма постои од самото основање на Центарот (1991), кога, во првата година, македонскиот јазик бил првиот и единствениот јазик што бил понуден. Оттогаш, во овој центар, покрај македонскиот, денес се нудат летни студиски програми по многу јазици (турски, албански, ерменски, српски, руски, полски, персиски и др.) Важно е да се нагласи дека ова е едно од ретките места, ако не и единственото, каде што македонскиот јазик може да се изучува како студиска програма во високото образование vo САД.  Постојат голем број можности за стипендирање. Рокот за пријавување ќе биде отворен уште кратко време до 29 март 2024 г. 



Корисни линкови:
Critical Languages Institute: https://melikian.asu.edu/cli
Macedonian at CLI: https://melikian.asu.edu/cli/macedonian
Application page: https://melikian.asu.edu/cli/how-to-apply-to-cli
Borche Arsov Facebook page: https://www.facebook.com/borce.arsov/
 

За други дополнителни информации контактирајте го 

проф. д-р Борче Арсов 

Е-пошта: borce_arsov@yahoo.com