News
ОТВОРЕН ПОВИК
за доделување 40 (четириесет) стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД за редовни студенти запишани на прв циклус на студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во учебната 2024/2025 година
Повикот е отворен до 20 август 2024 година
Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје и Фондацијата МК2025 објавуваат повик за доделување 40 (четириесет) стипендии за студентска извонредност за редовни студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2024/2025 година.
Општи услови за кандидатите
Право да конкурираат имаат ученици/апликанти кои:
Висина на стипендијата
Висината на стипендијата изнесува 2.500,00 (две илјади и петстотини) американски долари годишно и се исплатува еднаш годишна на почетокот на студиската година, најчесто октомври.
Исплатата на стипендијата е во денарска противвредност.
Потребни документи за аплицирање
Потребни документи за аплицирање за стипендија се:
Важно: Детални инструкции и појаснување за потребната документација за стипендии за талентирани студенти на Фондацијата „Атанас Близнакоф„ за академската 2024/2025 година се достапни на платформата за E-scholaship (долниот лев агол кај самиот повик).
При аплицирање, кандидатот потврдува дека:
Рангирање на кандидатите
Рангирањето на кандидатите се врши врз основа на три групи на критериуми. Максималниот број на освоени бодови е 100, од кои:
Начин на аплицирање
Документите се доставуваат на E-scholarships платформата на Македонија2025 (https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/home). Апликацијата се пополнува електронски, и тоа преку обврзувачко креирање на кориснички профил и прикачување на бараната документација на македонски јазик.
Процесот на апликацирање и административна проверка е спроведуван од страна на Фондацијата МК 2025.
Краен рок за аплицирање на повикот е 20 (дваесети) август 2024 година (23:59).
Процес на селекција
По завршување на процесот на административна проверка, апликациите ги разгледува Комисија за избор на стипендисти составена од истакнати членови и партнери на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје и Фондацијата МК2025.
Комисијата за избор на стипендисти го задржува правото да повика дел од кандидатите на дополнително интервју пред да се донесе финалната одлука и избор.
Сите апликанти ќе биде известени за извршениот избор и одлука за доделување на стипендии најдоцна до септември 2024 година по електронски пат.
Списокот со избрани кандидати ќе биде објавен на интернет страницата на Фондацијата МК2025 и на останатите партнер организации.
Добитници на стипендија за корисник на стипендија ќе потпишат Договор за стипендија, кое ќе се спроведува со Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје.
Правото на користење на стипендија
Правото на користење на стипендија започнува откако кандидатот ќе достави потврда за редовен студент запишан во прва година на интегрирани академски студии на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Правото на користење на стипендијата трае додека се исполнуваат условите за редовно напредување во студиите и успех, заклучно со завршувањето на студиите.
Правата и обврските на добитниците на стипендијата ќе се утврдат со Договор за стипендирање кој го склучуваат студентот/студентката и Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје.
Стипендијата ќе се продолжува годишно под услов, начин и постапка утврдени во Договорот за доделување на стипендијата.
Стипендистите се должни да доставуваат годишни извештаи за своите достигнувања, како би покажале посветеност и отченост во својот личен и професионален развој, во рамки на стипендијата, како и да споделат лично искуство поврзано со стипендијата. Ги очекуваме Вашите апликации!
Related News