Отворен повик за наставници по природни науки: Дводневна тренинг работилница за ефективна настава по природни науки

News

Повикот е отворен до 01.11.2023 год

Дали сте посветен наставник по природни науки што бара да ги подобри своите наставни вештини и да биде во тек со најновите образовни стандарди?

Македонија2025 објавува единствена можност за обука на 20-25 наставници по природни науки во основните училишта во Македонија.

Обуките ќе се реализираат како дел од соработката на Македонија2025 со компанијата Џонсон Мети, во рамки на програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.

За проектот

Целта на проектот е да ги обучи наставниците по природни науки во руралните/урбаните основни училишта во Северна Македонија со вештини и техники за промовирање на интересот и амбицијата на учениците да ја сакаат науката и да ги изберат нивните идни кариери во науката. Во рамки на обуката, наставниците ќе добијат идеи и инструкции за тоа како да ја унапредат наставата со цел да го зголемат интересот и знаењето на младите во обалста на науката. Наставниците, заедно со своите ученици, ќе имаат и единствена можност да изработат и презентираат експерименти поврзани со науката на посебно организирани саеми за наука.

За обуката

Организираме дводневна работилница за обука на наставници дизајнирана да ги зајакне капацитетите и вештините на наставниците почетници кои реализираат настава по предметот Природни науки во 6. одделение. Оваа работилница ќе се фокусира на обучување со ефективни методи на настава по природни науки, вклучувајќи учење базирано на истражување, практични експерименти и учење базирано на проекти, сите усогласени со националните и меѓународните стандарди. Обуката ќе се реализира во соработка со Бирото за развој на образование.

Што може да очекувате

  • Информативни сесии спроведувани од страна на обучувачи од Бирото за развој на образованието и други образовни институции;
  • Практични стратегии и методи за унапредување на наставата по природни науки;
  • Сертификати за професионален развој за да се поттикне вашиот напредок во кариерата;
  • Обврска да се развијат и да се прикажат свои експерименти на регионални саеми спроведени со група ваши ученици;
  • Можност за посета на Џонсон Мети Скопје, водечка компанија во областа на одржлива посветеност на иновациите и технолошките откритија, со глобално влијание во области како што се транспортот со ниски емисии, енергијата, хемиската обработка и најефикасната употреба на природните ресурси на планетата;
  • Мерење на влијанието на обуката кон подобрената самодоверба и мотивација на наставниците ќе се врши преку истражување/анкета од мал обем засновано на прашалник за самоевалуација, споредувајќи ја прединтервенцијата (пред обуката) и постинтервенцијата (по обуката или програмата).

Општи услови за учесниците на обуката

Право да конкурираат:

  • Наставници почетници кои предаваат предмет Природни науки во 6. одделение со релевантно образование во областа (биологија, хемија, физика или георгафија);
  • Имаат работно искуство во настава не подолго од 5 години;  и
  • Сте државјанин на Република Северна Македонија.

Како да аплицирате

За да Ве земеме предвид за оваа возбудлива можност, треба да:

  • Поднесете ваша биографија (CV) која го прикажува вашето образование, искуството во наставата и претходно посетените обуки и другите професионални активности;
  • Потврда од основното училиште дека во учебната 2023/24 година реализирате настава по Природни науки во 6. одделение и работен стаж;
  • Напишете кратко мотивационо писмо (максимум 1000 зборови) објаснувајќи зошто сте заинтересирани да учествувате на оваа работилница; и
  • Документите се доставуваат на македонски јазик.

Процес на аплицирање и селекција

За дополнителни прашања за самиот повик користете ја електронската адреса: ScienceAndMe@macedonia2025.com.

Поднесувањето апликации со прикачени горенаведените барани документи може да го направите на следнава ФОРМА.

Апликациите се прифаќаат најдоцна до 1-ви ноември 2023 година (23:59).

Процесот на апликацирање и административна проверка е спроведуван од страна на Македонија2025.

По завршување на процесот на административна проверка, апликациите ги разгледува Комисија за избор на учесници составена од претставници на партнерските институции на Македонија2025 и Џонсон Мети.

Комисијата за избор на учесници го задржува правото да повика дел од кандидатите кои влегле во потесен круг на дополнително интервју пред да се донесе финалната одлука и избор.

Сите апликанти ќе бидат известени за извршениот избор и одлука за учество најдоцна до крајот на ноември 2023 година по електронски пат.

Процесот на селекција ќе даде приоритет на регионалната, родовата и етничката застапеност на учесниците.

Важни датуми

Краен рок за аплицирање:  01.11.2023 година

Датум на обуката:  крај на ноември / прва недела од декември 2023 година или евентуално средина/крај на јануари 2024 година

Презентација на експерименти на саеми за наука:  февруари-мај 2024 година

Не ја пропуштајте оваа можност да ги подобрите вашите вештини за настава по природни науки и да ја инспирирате следната генерација научници.

Придружете ни се во ова едукативно и инспиративно искуство за да создадеме мотивирани ученици и посветла иднина!