News
Ајде заедно да ги инспирираме идните генерации научници!
Во рамките на кампањата „Наука за иднината“, со задоволство ја споделуваме приказната на Валентина Витева, наставник по биологија, хемија и природни науки во ООУ „Методи Митевски-Брицо“ во Лозово. Со својата посветеност и страст, Валентина не само што ги учи своите ученици за светот околу нас, туку им помага и да развијат длабока почит и љубопитност кон природата.
Еве како таа ја опишува својата инспирација и патот што ја водел кон науката: „Јас како наставник по природни науки отсекогаш сум ја сакала природата, бидејќи тоа е нешто што е живо, видливо, има емоции и може да се допре. Преку природата ги дознаваме сите особини за живите организми како и средината околу нив. Дознаваме како сме се создале, родиле, како дишеме, како се храниме, зошто сме осетливи, зошто се разболуваме и како се лекуваме.
Уште од мала многу ја сакав медицината, хуманоста, помагањето на болните луѓе и нивното лекување. Посебно ми беа омилени часовите по биологија и хемија на кои што изучувавме многу за природата и нејзината околина. Исто така, наставничката која ми ги предаваше овие предмети, толку знаеше да ни ја доближи природата и експериментите, што секогаш овие предмети ги учев со љубов и затоа продолжив и да ги студирам.
Колку и да кажеме дека сè во светот се врти околу материјалните средства (парите), поновата технологија и компјутери, новите превозни средства и правдата, сепак сè почнува од природата на човекот. Кога човекот е здрав и разумен може да го сруши и повторно да го изгради светот, но човек ако е болен тогаш тој сака да биде само здрав.„
Нејзината мотивациска порака е: “Сè почнува и завршува со живот.„
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.
Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК
Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“
Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!
Кампањата е имплементирана во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“. Повеќе за проектот „Науката и јас“
Related News