Џенан Ризвановиќ – Промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“ 

News

Науката е патување полнo со изненадувања и откритија! 

Во рамките на нашата кампања „Наука за иднината“, која ја реализираме како дел од Џонсон Мети програмата за влијание на заедницата „Науката и Јас“, со задоволство ви ја претставуваме инспиративната приказна на Џенан Ризвановиќ, наставник по биологија во ООУ „Алија Изетбеговиќ“ од Скопско Батинци. 

Џенан е наставник кој со љубов и ентузијазам ги воведува своите ученици во светот на биологијата, мотивирајќи ги да истражуваат, да прашуваат и да откриваат. Според него, науката не е само учење факти – тоа е авантура исполнета со забавни моменти, нови откритија и мистерии кои чекаат да бидат разоткриени. 

Во следниве редови тој ни открива зошто се одлучил да студира биологија: “Уште како мал, најомилениот дел од растењето ми беше времето поминато во природа, но никогаш не помислив дека еден ден тоа може да стане дел од мојата професија.

Кога се запишував во средно образование сонував да станам доктор, лаборант, физиотерапевт и слични познати професии кои ни ги наметнуваа како најдобри, но како што поминуваше времето сфатив дека мојот најомилен предмет е биологија бидејќи учев за сето она што го гледаме околу нас, сето она што ме правеше многу среќен како мал, а не знаев што значи.

Учев за животните, растенијата и сите можни појави околу нас, а имав среќа и да учам од најдобрите професори кои со љубов ни го пружаа нивното знаење и не носеа надвор од училниците речиси секој час, ни даваа можност да истражуваме и самите да доаѓаме до различни резултати и тоа беа едни од најдобрите часови за мене од сите 4 години поминати во средно.

Затоа, истражував за сите професии поврзани со природата и науката и во тој момент сфатив дека имам можност да студирам биологија и цел живот да го работам она што го работам денес, а тоа е она што навистина најмногу го сакам – науката, децата и природата!„

Неговата мисија е да ги инспирира учениците да ја гледаат природата од друга перспектива, да ја истражуваат и да се воодушевуваат од нејзините чуда. Тој верува дека љубопитноста е клучот за длабоко разбирање на светот околу нас и дека најдобриот начин за учење е преку практично истражување и експериментирање. 

Неговата мотивациска порака до учениците е: Науката ќе ви пружи многу забавни моменти при учењето и ќе ви открие сосема нов свет на знаења за кој не сте ни знаеле дека постои. Затоа учете, истражувајте, пробувајте и експериментирајте – само така сами ќе ги откривате и ќе уживате во сите чуда на природата околу нас! 

Џенан нè потсетува дека учењето е најубаво кога е забавно, а природата е полна со чуда што чекаат да бидат откриени. 

Бидете љубопитни, поставувајте прашања и истражувајте! 

Следете нè за повеќе инспиративни приказни од наставници и научници кои секојдневно ги инспирираат младите умови да го откриваат светот на науката. 

Моќта на знаењето 

Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред. 

Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста. 

Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.  Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК   

Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА 

Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување! 

Кампањата е имплементирана во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.   

Повеќе за проектот во Македонија „Науката и јас“  и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука