Азимене Фетаи – Промотивна кампања “НАУКА ЗА ИДНИНАТА„

News

Секое големо откритие започнува со едно „зошто“ – осмели се да го поставиш.

Во рамки на кампањата Наука за иднината„, реализирана со поддршка на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата, со особено задоволство ја споделуваме инспиративната приказна на Аземине Фетаи, наставничка во основното училиште “Антон Зако Чајупи„ од село Отња (Липково), дипломиран инженер по биохемија, биолог и наставник по хемија.

Преку својата мотивациска порака, таа ги охрабрува учениците науката да ја доживеат како алатка за разбирање на светот: Науката и хемијата не се само формули и експерименти, туку начин да го разберете светот околу вас. Не плашете се да прашувате, да истражувате и да правите грешки токму така се учи најмногу. Верувајте во себе и во својата љубопитност, затоа што секој голем научник некогаш бил дете со многу прашања. Вашето знаење денес може да ја создаде иднината утре.

Во својата лична приказна, Аземине сведочи дека љубовта кон науката и истрајноста можат да ги надминат сите предизвици: Мојата приказна е доказ дека со труд, упорност и љубов кон науката, сè е можно. Патот до успехот не беше секогаш лесен, но никогаш не се откажав. Студирав во областа на науката затоа што отсекогаш ме привлекувале прашањата ‘зошто’ и ‘како’ функционира светот околу нас.

Таа нагласува дека образованието е процес што бара посветеност, но и верба во себе: Покрај семејните обврски и грижата за моите четири деца, продолжив да учам, да се надградувам и да верувам во себе. Денес сум дипломиран инженер по биохемија, биолог и професор по хемија три факултети кои се резултат на истрајност, љубопитност и голема љубов кон науката.

Како наставник, таа испраќа силна порака до сите млади љубители на науката: Науката ме научи дека грешките не се неуспех, туку чекор кон знаење. Сакам да знаете дека и вие можете да успеете, без разлика на предизвиците. Верувајте во своите соништа, учете со срце и никогаш не се откажувајте иднината им припаѓа на оние кои се осмелуваат да учат и да истражуваат.

Аземине Фетаи е дел од инспиративната заедница на наставници кои преку кампањата “Наука за иднината„ ги охрабруваат учениците да ја изберат науката како пат кон знаење, самодоверба и подобра иднина.

———————-

Моќта на знаењето

Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.

Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.

Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.  Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК.  

Повеќе за промотивната кампања НАУКА ЗА ИДНИНАТА„

Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!

Кампањата е имплементирана во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата “Науката и јас„. 

Повеќе за проектот во Македонија2025 “Науката и јас„  и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука.