News
Ајде заедно да ги инспирираме идните генерации научници! Хемијата не е само формула – таа е магија што го разгорува умот.
Во рамките на кампањата “Наука за иднината„, реализирана со поддршка на Џонсон Мети програмата за влијание на заедницата, со големо задоволство ви ја претставуваме инспиративната порака на Горица Смилкова, наставничка по хемија во ООУ „Страшо Пинџур“ од Карбинци.
Нејзината мотивациска порака за сите ученици: “Науката е нашето минато и нашата иднина, таа е уметност што го прави животот вреден за живеење. Таа е учење преку обиди и грешки, доаѓање до нови откритија кои го менуваат светот.„
А нејзината приказна е токму тоа – комбинација од љубопитност, ентузијазам и посветеност: “Да бидеш наставник е благородна и инспиративна професија, а да бидеш наставник по хемија е доближување на магијата до учениците. Се трудам секој час да биде ново откритие, нова реакција која ќе даде видливи промени кај секој ученик. Секогаш истакнувам дека од грешките не треба да се плашиме – тие се дел од секој експеримент и ќе нè одведат до крајно решение.„
Горица е дел од мрежата на посветени наставници кои преку “Наука за иднината„ ги инспирираат идните генерации научници да истражуваат, пробуваат и учат преку искуство.
———————-
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика. Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК
Повеќе за промотивната кампања “НАУКА ЗА ИДНИНАТА„
Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!
Кампањата е имплементирана во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата “Науката и јас„.
Повеќе за проектот во Македонија202 “Науката и јас„ и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука.
Related News