Елена Станковска – Промотивна Кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“ 

News

Ајде заедно да ги инспирираме идните генерации научници! 

Во рамките на нашата кампања „Наука за иднината“, која ја спроведуваме во рамките на Џонсон Мети програмата за влијание на заедницата “Науката и Јас„, со задоволство ја споделуваме инспиративната приказна на Елена Станковска, магистер по хемиски науки и самостоен истражувач во хемиското одделение на АД Гранит Скопје. Преку својата љубопитност и посветеност, таа ни покажува дека науката не е само збир на факти, туку начин на размислување, истражување и постојано откривање на чудата што нè опкружуваат. 

Елена верува дека љубовта кон науката започнува со восхитот кон животот, љубопитноста да се откриваат неговите тајни и желбата за учење без граници. Еве како таа го раскажува своето искуство и ја споделува својата инспирација: „Дали знаете дека кога сперматозоидот ќе се спои со јајце клетката се создава блесок како резултат на ослободување на големо количество на цинк? Дали знаете дека митохондриите содржат уникатна ДНК која се наследува исклучиво од мајката? Сте слушнале ли за мезентериум, прогласен за орган на дигестивниот тракт во 2016 година, а чија функција сè уште е непозната? Дали знаете дека е потребен повеќе од еден мозок за да се креира човечки ум? 

Се викам Елена Станковска, магистер сум по хемиски науки и самостоен истражувач во хемиското одделение на една приватна фирма. За мене науката е еден од начините да се објасни мистеријата на животот. Завршувањето на студиите по хемија, а потоа и магистратурата беше зародишот, попрецизно кажано сеќавање на “восхитот” од чудото наречено живот кое го има секое дете. Јас сè уште се обидувам да го негувам тој восхит, да учам и да се надградувам. 

Секој од нас започнал со блесок, па блескајте секојдневно во својот живот и во животите на другите. Не престанувајте да се исчудувате и восхитувате, затоа што чудата се во нас и секаде околу нас.“ 

Оваа приказна е потсетник дека науката е клучот за откривање на тајните на животот. Продолжете да истражувате, да прашувате и да откривате – бидејќи најголемите чуда се оние што сè уште не сме ги откриле! 

Нејзината мотивациска порака е: “If you are not part of the solution, you are part of the precipitate! / Ако не сте дел од растворот, вие сте дел од талогот!„. 

Моќта на знаењето 

Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред. 

Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста. 

Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.  

Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК   

Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА 

Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!  

Продолжете да ја следите нашата кампања за повеќе инспиративни приказни! 

Кампањата е имплементирана во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.   

Повеќе за проектот во Македонија „Науката и јас“  и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука