Елена Андонова – промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“

News

Ајде да инспирираме повеќе ученици да ја засакаат НАУКАТА!

Со особено задоволство следна во серијалот мотивациски приказни ви ја претставуваме инспиративната животна сторија на Елена Андонова, наставник по Биологија и Природни науки во оштинско основно училиште “Јосип Броз Тито„ од Валандово.

Ова е поглед во нејзината филозофија и страст за науката, обележена со посветеност и инспирација кон нејзините ученици: “Науката е нешто повеќе од професија – таа не е само предмет во училишните кабинети, туку и начин на мислење, начин на истражување и начин на живот. Се трудам секојдневно да ја пренесам љубовта и мотивацијата за науката кон најмалите научници – моите ученици.

“Науката е како приказна во која вие како млади научници сте главните ликови. Секое истражување е нова стаза кон знаење и успех. Фантазирајте за вашите идеи, поставувајте прашања, бидете искрени во вашиот интерес кон светот на знаењето и направете магија. Затоа што науката е магија, еден волшебен свет полн со чуда. Откријте го чудото во вас и во светот, сакајќи ја науката отклучете ги вратите кон светот на знаењето и оставете своја трага на патот кон успехот.”

Нашата кампања „Наука за иднината„ има за цел да ги мотивира и поттикне учениците од основното образование кон патот за да станат научници кои се во развој или се двоумат. Личната порака до сите основци со цел да ги мотивираме да изберат кариера/ образование поврзано со наука од наставничката Елена е “Науката е клучот до раскинување на завесите на несигурноста, отварајќи ја вратата кон бескрајни можности за знаење и промена на светот околу нас”.

Моќта на знаењето

Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.

Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.

Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.

Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК

Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА

Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!

Кампањата е имплементирана во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“. Повеќе за проектот „Науката и јас