Events
На 22 февруари 2025 на Машинскиот факултет во Скопје, во преполна сала и одлична атмосфера, беше одржана Обука за ученици и професори – ментори за „Зелени и претприемачки вештини и развој на бизнис концепт за зелени иновации“.
Насмевки, ширење на позитивна енергија, освојување на нови знања и по 17-ти пат дружење и учење (обука) за развој на претприемачките и зелените компетенции кај младите од средните училишта.
Присутните ги поздрави продеканот за настава на Машински факултет, проф. д-р Ташко Ризов, додека во име на Македонија2025 се обрати Нена Манчев, проектен менаџер за програми во областа на лидерство и образование. Таа ја нагласи дека Македонија2025 е посветена на создавање на услови во кои младите таленти можат да се развиваат, да ги применуваат своите креативни решенија и да ги претворат своите иновативни идеи во практични бизнис концепти.
На обуката водена од проф. д-р Поленаковиќ и вонр. проф. д-р Велковски присуствуваа над 150 средношколци и наставници од сите средни училишта во државата, кои ќе се натпреваруваат за „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации“. Пријавувањето за натпреварот е до 24 март 2025 година на следниот линк https://docs.google.com/…/1FAIpQLSfs-LeFY6VkWB…/viewform
Поддржувачи на настанот и проектот се: Министерството за економија и развој, Македонија2025, Халкбанка, Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење и Центарот за инзвонредност во зелените иновации.
Овој настан ја потврдува посветеноста на нашата заедница кон создавање на иднина каде што иновацијата, образованието и одржливоста се во центарот на развојот. Со заеднички напори и споделени идеи, учесниците поставија темелите за подобра и поодржлива иднина, инспирирајќи ги сите нас да ги претвориме предизвиците во можности.
ЗАЕДНО ЈА МЕНУВАМЕ ИДНИНАТА НА ПОДОБРО!
Related Events