Events
Со големо задоволство синоќа го одбележавме традиционалниот АБФ настан за вмрежување во Public Room, во чест на роденденот на Атанас Близнакоф (15 декември, 1901) – визионер и искрен поддржувач на младите таленти.
На едно место се собраа над 100 стипендисти и ментори од Стипендиската програма за студентска извонредност Атанас Близнакоф, споделувајќи искуства, инспирација и искрени разговори кои ја зајакнуваат нашата заедница. Овој настан прерасна во наша традиција што ги поврзува генерациите и ја потврдува силата на менторството и заедништвото.




Во духот на визијата на Атанас Близнакоф – инвестираме во знаење, лидерство и во иднината на Македонија – продолжуваме да градиме мостови меѓу младите и нашите експерти од Македонија и дијаспората.
Благодарност до сите што континуирано придонесуваат АБФ заедницата да станува сè посилна.
Related Events