LEADER Project

Events

LEADER Project е интензивна, практично ориентирана бизнис обука наменета за млади претприемачи, менаџери и професионалци кои сакаат да ги претворат своите идеи во одржливи бизниси или да го забрзаат растот на веќе постоечки компании.

Програмата ја организира Македонија2025, ќе се одржи по 18-ти пат во Скопје и се реализира во соработка со Richard Ivey Business School при Western University (Канада), светски призната бизнис школа која го спроведува овој програм уште од 1991 година.

За програмата

LEADER Project е 10-дневна обука на МБА ниво, базирана на методот на студии на случај, која комбинира интерактивни предавања, работа во групи и претприемачко коучинг. Учесниците работат директно со инструктори за да развијат аналитичко размислување, бизнис проценка и практични вештини во клучни области на бизнисот, вклучувајќи стратегија, финансии, маркетинг, продажба и раст.

Клучни придобивки

Учесниците ќе:

  • Стекнат практични алатки за ефективно водење на бизнис преку реални студии на случај
  • Развијат вештини во целосниот циклус на бизнисот, од идеја до раст
  • Работат директно со искусни меѓународни инструктори и ментори од Македонија2025
  • Идентификуваат и решаваат клучни бизнис предизвици на структуриран и практичен начин
  • Се приклучат кон силна мрежа на амбициозни претприемачи и професионалци

Дознајте повеќе за програмата и отворениот повик ТУКА.

Датум и локација

14–27 април 2026 година
Innox Innovation Center, Скопје, Македонија