Милена Шутевска – промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“

News

Ајде да инспирираме повеќе ученици да ја засакаат НАУКАТА!

Придружете ни се на овој водич за искуство и инспирација, каде што ќе го откриеме значењето на вистинската преданост и љубов кон образованието. Со особено задоволство следна во серијалот мотивациски приказни ви ја претставуваме инспиративната животна сторија на Милена Шутевска, наставник по биологија и природни науки од основното уилиште “Сандо Масев” од Струмица.

Миленината приказна, односно патот до наставник, нè потсетува дека секој од нас може да ја пронајде својата вистинска професија и да ја исполни со радост и задоволство. Следи нејзиното патување кон вистинската професионална и лична извонредност. „Нашето образование започнува од најрана возраст, преку детска градинка, каде учиме и споделуваме идеи додека се играме со нашите пријатели, и продолжува во основното и средното образование. Учењето не завршува никогаш, туку трае целиот наш живот. Јас го започнав моето образование во селото Русиново (Берово). Иако секогаш бев меѓу најдобрите ученици, никогаш не сонував да станам наставник. Сепак, животот често не оди по нашите планови. Мојата патека ме одведе кон образованието, станување наставник – најблагородната професија.

Во почетокот ми беше како сон, велев каде сум, но не ми требаше многу време за да се пронајдам себеси, за да речам, не можеше подобро да биде. Труд, љубов, работа, мотивација, желба. Тоа беше што ме водеше секој ден, па се до денес. Верувајте во себе, не плашете се, трудете се до крај, токму ова беше моето мото. Верував и успеав, и сега сум најсреќна, исполнета со мојата работа и професија како наставник, и знаете што не би ја заменила за ништо на светот. Затоа што децата се мојот свет, нивните насмевки, нивните успеси ми покажуваат и докажуваат дека сум на правото место и ја работам правата работа.”

Нашата кампања „Наука за иднината„ има за цел да ги мотивира и поттикне учениците од основното образование кон патот за да станат научници кои се во развој или се двоумат. Личната порака до сите основци со цел да ги мотивираме да изберат кариера/ образование поврзано со наука од наставничката Милена е “Образованието треба да се стреми кон тоа да ја доведе моралната, интелектуалната и физичката природа на учениците до совршенство, за тие да можат да дадат најголем можен придонес за себе и за другите.„

Моќта на знаењето

Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.

Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.

Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.

Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК

Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА

Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!

Кампањата е имплементирана во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“. Повеќе за проектот „Науката и јас