Posted on

„Ментално здравје и справување со стрес“ – втора обука за стипендистите на програмата „Атанас Близнакоф“

На 19 мај 2025 година, во просториите на Млади Хаб, Скопје, се одржа втората практична работилница во рамки на програмата „Атанас Близнакоф“ на Македонија2025, посветена на темата „Ментално здравје и справување со стрес“.

Работилницата ја водеше проф. д-р Ана Фрицханд, професорка на Институтот за психологија при УКИМ, која преку интерактивен пристап и лични примери го доближи значењето на емоционалната стабилност и психолошката самосвест до младите учесници. Стипендисти активно учествуваа во сесијата, споделувајќи искуства и размислувања поврзани со менталното здравје и стресот.  

Програмата беше структуирана во три дела. Обуката започна со интерактивна игра за запознавање „Две вистини и една лага“, со која се создаде позитивна енергија и меѓусебна доверба. Потоа, учесниците работеа во мали групи каде размислуваа за трите работи што ги сакаат, во што се добри и што планираат да постигнат – вежба за саморефлексија и мотивација. Во вториот дел од сесијата, преку тимска активност „Цртање со затворени очи“, се нагласи значењето на комуникацијата, довербата и соработката.

Фокусот на завршниот дел беше ставен на практични совети за справување со стрес, анксиозност и панични напади. Проф. Фрицханд ги сподели техниките за длабоко дишење, важноста на релаксирачки активности и улогата на поддржувачки  кругови од блиски луѓе: „Кому му се обраќате кога сте под стрес?“ и „Кој ви се обраќа вам кога му е тешко?“

Работилницата целосно ја исполни својата цел – да ги поттикне младите да се грижат за сопственото ментално здравје, да препознаваат знаци на стрес и да користат ефективни стратегии за справување со него. Овој настан ја зајакна заложбата на Македонија2025 и програмата „Атанас Близнакоф“ да негуваат млади лидери кои се подготвени да се соочат со лични и професионални предизвици со самодоверба и емпатија.

Искрена благодарност до Млади Хаб за поддршката во реализацијата на оваа значајна работилница.

Posted on

Наталија Тасевска – Првенец на генерација и гордост на програмата “Таленти денес – лидери утре„

Со големо задоволство ја споделуваме извонредната вест дека нашата стипендистка Наталија Тасевска, дел од стипендиската програма за талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ на Македонија2025, е избрана за првенец на генерација во своето училиште ОСУ “Ацо Русковски„ во Берово.

Ова признание доаѓа како резултат на нејзината огромна посветеност, труд и страст кон знаењето, креативноста и лидерството. Наталија приложила над 40 дипломи и сертификати, а нејзините професори изјавиле дека „едноставно не можеле да ги избројат сите бодови што ги има“, достигнувајќи над 220 бодови – најмногу досега забележани за ученик на генерација во училиштето.

Ова признание ми значи многу – претставува круна на мојата посветеност, труд и љубов кон учењето и личниот развој. Без поддршката од моите професори, ментори и Македонија2025, моето патување немаше да изгледа вака, вели Наталија.

Избрани достигнувања на Наталија во учебната 2024/2025 година:

🔹 Прва награда на државниот натпревар „Месец на наука“ (астрономија) со сопствена демонстрација и макета
🔹 Втора награда на државниот натпревар по Информатичко размислување и пласман на интернационално ниво
🔹 Втора награда на државниот литературен конкурс на тема „Св. Климент Охридски“
🔹 Прва награда на ликовен конкурс на тема „Берово – мојот роден крај“
🔹 Трета награда на меѓународниот конкурс „Детски Рацинови средби“
🔹 Успешно завршени 18 онлајн модули од програмата Girls Go Circular, со стекнати 18 сертификати
🔹 Учество во онлајн работилница на Goethe Institut на тема вештачка интелигенција и креација на дигитално уметничко дело
🔹 Посета на обука за зелени вештини и развој на бизнис концепти за зелени иновации во организација со поддршка на Македонија2025
🔹 Работа на сопствена веб-страница за претставување на нејзините уметнички дела
🔹 Активно учество во повеќе локални и државни иницијативи и натпревари, со признанија за лична и училишна заслуга.

Менторство што остава трага

Во рамки на програмата, Наталија доби менторска поддршка од искусна професионалка која ѝ помогна во насочувањето на нејзиниот личен и академски развој. Тие обработуваа теми како што се избор на кариера, градење личен бренд, лидерство и организациска култура.

Верувам дека ова менторство ќе ми помогне не само во овој момент, туку и во секоја одлука што ќе ја носам понатаму. Секој разговор беше вреден, секој совет беше драгоцен, а секој момент поминат во ова искуство беше чекор поблиску кон градење на мојата визија за иднината. Оваа поддршка за мене значи многу, и од срце сум благодарна за можноста да учам од некој кој вистински ме инспирира, вели Наталија.

Горди сме што сме дел од нејзиниот пат

Наталија е доказ за потенцијалот што го носат младите таленти во Македонија. Ние во Македонија2025 сме особено горди што веќе втора година ја поддржуваме преку програмата “Таленти денес – лидери утре„, која има за цел да препознае, поттикне и насочи млади ученици со исклучителен капацитет и амбиција.

Со нејзиниот глас, пример и постигнувања, Наталија ги инспирира нејзините врсници, професори и целата заедница. Уверени сме дека ова е само почеток на едно блескаво патување исполнето со успеси и позитивни промени.

Вашата поддршка и мотивација му дадоа посебна вредност и сила на моето патување – ви благодарам што бевте дел од него, порача Наталија до нашата организација.

На Наталија ѝ посакуваме многу успех и среќа на претстојното академско патување – со сигурност знаеме дека каде и да студира, ќе продолжи да блеска и да го носи знамето на успехот високо!

Posted on

Успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ на Македонија2025 – врвна бизнис обука за млади лидери и претприемачи

Скопје, 30 април 2025 – Со финални презентации на иновативни бизнис-идеи и нетворкинг настан со алумни-заедницата, успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ – врвна бизнис обука организирана од Македонија2025, наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од целата земја. Програмата се реализираше во соработка со реномираната бизнис-школа „Ричард Ајви“ од Канада и се темели на најдобрите глобални практики во деловното управување, адаптирани на локалниот контекст и предизвици.

Во текот на две недели, учесниците интензивно работеа на теми од стратегија, финансиско управување, маркетинг, развој на производ, човечки ресурси и лидерство, преку анализа на реални деловни студии на случај, симулации и практични задачи. Обуката вклучи и индивидуална менторска поддршка од искусни канадски предавачи.

Круна на програмата беше натпреварот за најдобра бизнис-идеја, на кој учесниците ги претставија своите концепти пред жири составено од етаблирани македонски бизнис-лидери. Жирито ги оценуваше идеите според иновативност, одржливост и пазарен потенцијал, а самите презентации претставуваа одлична можност за примена на стекнатите знаења во реален контекст.

По завршувањето на официјалниот дел, се одржа и нетворкинг настан со членови на алумни-заедницата на „Лидер Проектот“, што овозможи поврзување, размена на искуства и иницирање на нови соработки меѓу младите професионалци.

Преку оваа врвна бизнис обука, Македонија2025 останува посветена на градењето на нови генерации млади лидери и претприемачи, подготвени да придонесат за економскиот развој и иновативноста на Македонија.

Posted on

Започна седумнаесеттото издание на ЛИДЕР Проектот на Македонија2025: Врвна обука за идни лидери во бизнисот и претприемништвото

Скопје, 22 април 2025 – Денес официјално започна седумнаесеттото издание на ЛИДЕР Проектот, едукативна програма за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од Македонија. Обуката се реализира во организација на Македонија2025, во соработка со престижната бизнис-школа „Ричард Ајви“ од Канада.

Млади професионалци од цела Македонија ќе имаат можност да учествуваат во оваа интензивна двонеделна обука, креирана според МБА програмите на „Ајви“, и прилагодена да одговори на реалните предизвици со кои се соочуваат стартапите, малите и средни претпријатија, но и идните менаџери во корпоративниот сектор.

Програмата вклучува теми од областа на стратегија, маркетинг, финансии, управување со човечки ресурси, развој на производ, подготовка на бизнис план и лидерство. Работата е базирана на студии на случај, симулации и практични вежби, а учесниците ќе добијат и индивидуални менторски сесии од инструкторите од Канада.

„ЛИДЕР Проектот е потврда за нашата силна заложба да изградиме генерација млади лидери кои ќе придонесат за економскиот развој и иновациите во Македонија. Веруваме дека вложувањето во знаење, претприемнички дух и лидерски вештини е основа за посилна и поконкурентна нација,“ изјави проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025.

Програмата и оваа година е збогатена со гостински предавања од македонски бизнис-лидери, кои ќе споделат практични искуства и ќе дискутираат за предизвиците и можностите во локалниот и глобалниот бизнис екосистем. На крајот на обуката, учесниците ќе презентираат сопствена бизнис идеја пред комисија составена од претставници на бизнис заедницата.

Македонија2025 е меѓународна, независна, непартиска и непрофитна организација која останува цврсто посветена на својата мисија – да придонесе за создавање просперитетна економска клима во земјата и „посилна нација“, која ќе ги унапреди можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Преку поддршка на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и вредносно лидерство, ја промовираме визијата за одржлив економски раст на Македонија.

Posted on

Get Ready: Macedonia2025 Summit Returns May 12–13 in Skopje

The countdown is on for the Macedonia2025 Summit 2025, taking place May 12–13 at the Skopje Marriott Hotel. This premier platform will bring together over 500 leaders from around the world for a transformative program focused on innovation, reform, and inclusive growth.

🌐 Summit Highlights Include:

Opening Address by Prime Minister Hristijan Mickoski and Closing by President Gordana Siljanovska Davkova

Power Talks with Nika Gilauri (Former PM of Georgia), Paolo Ardoino (CEO of Tether) and many more.
Diaspora Panel spotlighting return investment and national growth

🧠 Notable Speakers:

Chris Pavlovski, CEO of Rumble

Paolo Ardoino, CEO of Tether

Stefan Andonovski, Minister of Digital Transformation

Victor Savevski, Chief Innovation Officer, Humanitas Healthcare

Dao Jensen, President, Compass UOL

And many more…

📲 Make the most of your Summit experience—connect, schedule meetings, and explore the agenda via the Pine Events app.👉 Visit the Summit page to learn more

Posted on

„Моќта на јавното говорење и говор на тело“ – работилница за развој на вештини на АБФ стипендистите

На 15 април 2025 година, во просториите на Млади Хаб, Скопје, се одржа практична и инспиративна работилница на тема „Моќта на јавното говорење и говор на тело“, организирана за стипендистите на програмата „Атанас Близнакоф“ на Македонија2025.

Интерактивната сесија беше водена од Анастасија Илиевска – новинарка, уредничка и сертифициран обучувач за комуникациски вештини, која преку практични примери и директна вклученост на учесниците ја доближи темата до секој присутен. На настанот учествуваа 20 млади стипендисти кои активно се вклучија во сесијата.

Целта на работилницата беше да ги охрабри младите да зборуваат самоуверено, автентично и со јасна порака. Преку воведувањето на формулата 3А – Автентичност, Ажурност и Акција, учесниците се запознаа со темелите на ефективната комуникација. Особено внимание беше посветено и на невербалната комуникација – тоналитетот, држењето на телото, микромимиката, гестовите, позиционирањето на нозете и изборот на облека – како елементи кои силно влијаат врз перцепцијата на говорникот.

Работилницата целосно ја исполни својата мисија – да ги опреми младите лидери со применливи комуникациски алатки кои ќе им помогнат да се истакнат во академскиот, професионалниот и личниот развој. За сите кои не беа во можност да присуствуваат, сесијата беше целосно документирана и наскоро ќе биде достапна на социјалните медиуми на Македонија2025.

Овој настан претставува почеток на еден важен чекор во рамки на континуираната заложба на програмата „Атанас Близнакоф“ да инвестира во младите – со цел да ги подготви да ги застапуваат своите идеи, знаења и вредности – гласно, јасно и самоуверено.

Искрена благодарност до Млади Хаб за обезбедувањето на простор и за нивната помош во одржување на оваа работилница.

Posted on

Финале на натпреварот „Најдобар бизнис концепт 2025: Натпревар за зелени иновации“

На 12 април 2025 година, во Скопје се одржа финалето на натпреварот „Најдобар бизнис концепт 2025: Натпревар за зелени иновации“, организиран од Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) при Машинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Овој натпревар, наменет за средношколци, имаше за цел да го поттикне претприемачкиот дух кај младите и да промовира развој на зелени иновации кои позитивно влијаат врз економијата и животната средина.

На финалето учествуваа 16 тимови, кои ги презентираа своите иновативни идеи пред жири-комисијата.

„Македонија2025 е организација која е посветена на создавање на просперитетна иднина на нашата држава преку поддршка на иновации, образование и млади лидери како вас. Ние веруваме дека вие сте клучот кон одржлив развој на нашата држава и затоа сме горди партнери на овој натпревар,“ истакнаа претставниците на жири-комисијата на Македонија2025.

По внимателна евалуација, жири-комисијата ги избра следните победници:

  • I место: Проект RIZONIC – СОУ „Гошо Викентиев“, Кочани
  • II место: Проект PurTex – СОУ „Јане Сандански“, Струмица
  • III место: Проект Freshko – СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, Скопје и Проект MakeBag – СУГСГ „Здравко Цветковски“, Скопје

Победничките тимови ќе добијат награди од партнерите на натпреварот: Македонија2025, Халкбанка АД Скопје, Центарот за управување со знаење, Министерството за економија на Република Македонија и проектот GREENSMES – Interreg IPA Adrion.

Голема благодарност до сите учесници кои храбро ги презентираа своите идеи за позелена Македонија, придонесувајќи за подигнување на свеста за важноста на одржливиот развој.

Заедно продолжуваме да работиме кон одржлива иднина за Македонија!

Posted on

“Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 донира 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во болницата „Свети Еразмо“

Скопје, 09.04.2025 “Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 донираше 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Оваа значајна донација ќе придонесе за подобрување на просториите во кои се згрижуваат најмладите пациенти, со цел да се обезбеди поудобна и пријатна средина за нив и нивните семејства. Реновирањето опфаќа унапредување на инфраструктурата и создавање услови за поквалитетна здравствена грижа.

„Нашата цел е да поддржиме проекти кои го подобруваат животот на граѓаните и оставаме трајно влијание врз заедницата. Оваа донација е знак на посветеноста на членовите на Македонија2025 кон Македонија и нашата заедничка визија за поубава иднина за децата,“ истакна претставник на Клубот на Амбасадори.

“Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 е мрежа на истакнати професионалци, визионери и лидери кои преку своите активности придонесуваат за економскиот и општествениот развој на Македонија.

Posted on

Macedonia2025 and Mostovi Sign Memorandum of Understanding to Empower Young Talents

Skopje, March 19, 2025.

Macedonia2025 is proud to announce the signing of a Memorandum of Understanding with Mostovi do Doma, an association founded by Macedonian students who have graduated from the world’s top 100 universities through the Ministry of Education and Science Scholarship program.

This strategic partnership marks a shared commitment to fostering economic and social development in Macedonia by supporting young talents, entrepreneurs, and professionals. Through this collaboration, the two organizations will work together to:

  • Provide mentorship and training opportunities to emerging leaders and professionals;
  • Promote entrepreneurship and innovation through joint programs and initiatives;
  • Collaborate in independent research projects contributing to local progress;
  • Organize events and forums that strengthen knowledge exchange and networking.

By connecting global experience with local potential, Macedonia2025 and Mostovi are building bridges back home—creating opportunities for young Macedonians to contribute to a stronger and more prosperous future.

The Memorandum was signed by Nikica Mojsoska Blazhevski, Chief Executive Officer of Macedonia2025, and Zhive Ristovski, President and Founder of Mostovi, on March 19, 2025.

Posted on

Hope for Kočani – Support the Families

A tragic nightclub fire in Kočani has claimed the lives of 59 young people, leaving families and the community in mourning. In this time of grief, we are coming together to provide urgent support to the affected families.

All funds raised will be directly transferred to the Red Cross of Macedonia. Every donation, no matter the amount, makes a difference.

Let’s stand in solidarity and bring hope to those in need.