Наталија Тасевска, е наша стипендистка од фондот за талентирани средношколци “Таленти денес-лидери утре„.
Наталија која е во трета година на средното училиште „Ацо Русковски“ во Берово, продолжува со нејзиниот импресивен развој и активен ангажман во различни области. Таа не само што ги продлабочува своите уметнички и музички способности, туку и постигнува значајни успеси на голем број на натпревари. Имено, во изминатиов период, Наталија продолжува да учествува на натпревари и активности, додавајќи уште повеќе постигнувања на нејзиното портфолио. Со особено задоволство споделуваме некои од нив. Издвоено е нејзиното учество во натпреварот организиран од Амбасадата на Кралството Холандија, каде што со нејзиното кусо креативно анимирано видео на тема „Како да ја спречиме корупцијата?“ освоила трето место. Наградата и беше доделена од Роберт Декер, заменик амбасадор на Кралството Холандија. Ова признание дополнително ја мотивира и ја поттикнува нејзината креативност и уметничко изразување.
Нејзиниот академски успех е поткрепен и со одлични резултати на државниот натпревар по Македонски јазик и литература, каде што освоила трето место. Натпреварот бил фокусиран на морфологија, литературни дела и историјата на македонскиот јазик од 14 до 18 век, што укажува на нејзината способност да се натпреварува и истакнува во комплексни и захтевни академски области.
Наталија се занимава и со хемија, информатика, веб дизајн и создавање дигитални содржини, покажувајќи дека нејзиниот интерес се протега надвор од конвенционалните академски граници. Таа е исклучително активна во области кои нудат практично искуство и знаење, што ќе и биде корисно во понатамошното образование. Продолжува и со нејзината пасија – цртањето, а во меѓувреме нејзините цртежи го разубавуваат и училишниот хол.
Менторството играло значајна улога во нејзиниот личен и професионален развој, давајќи ѝ простор за размислување и развој на цели и амбиции во врска со нејзиното понатамошно образование. Еве што таа сподели за ова искуство: “Кога првпат прочитав за можноста за менторство, чувствував исполнетост со радост и благодарност. Одзивот беше моментален – без размислување, го примив предложениот состанок. Мојата менторка, беше исклучително отворена од самото почеток и со неа разговаравме за моите досегашни успеси, како и за чувствата, емоциите и искуствата кои ги имам, но и за моите амбиции и цели за иднината. Се чувствував слободно да споделувам и да размислувам на едно друго ниво. Исклучително сум благодарена на фондацијата МК2025 за можноста да работам со таква прекрасна менторка и личност.”
Во оваа прилика и пожелуваме многу успех и ја бодриме нашата Наталија во сите нејзини идни предизвици.
Понатаму, во февруари зедов успешно учество на натпреварот по хемија. Исто така ги надополнив моите знаења по информатика и во програмските јазици, па со мојата професорка и ментор Ивана Димовска постојано вежбав за дополнување на моите знаења по предмет што сакам да ми биде и понатамошно мое образование. Се пријавив и за вежби за натпревар, каде решаваме потешки задачи од тие во училиште. Исто така почнав да правам и некои веб страни, дигитални цртежи и некои дигитални постери и кратки видеа за вежби. Продолжив и со цртање, а во меѓувреме цртав и во училиштето.
За менторството
Денот кога ми стигна меилот, кога прочитав во врска со менторството, јас бев пресреќна и преблагодарна што ја имав таа можност. Штом видов, веднаш испратив меил на менторката Нела дека прифаќам да се запознаеме.Таа ми испрати меил со наведени датум и време кога е слободна. Се договоривме за време и датум и состанокот го одржавме онлајн. Најпрво, менторката Нела ми се претстави, а потоа јас кажував за мене како личност, за досегашните успеси и искуства.
Исто така разговаравме на многу интересни теми кои те тераат да размислуваш подлабоко. На пример каде се гледаш себеси за 5 години, за 10 години, истражување околу емоциите, што би направил доколку имаш премногу обврски, а многу малку време, како да бидеш организиран, за целите кои сакаш да ги исполниш, како и што би правел за тоа да го исполниш и слично. Ми се допадна тоа што имаме можност за разговор и за вонучилишни активности исто така многу интересни. Тоа беше едно мое ново искуство и се разбира дополнителни знаења. Се чувствував многу пријатно додека разговаравме и сум пресреќна што запознав прекрасна менторка и личност.
“Кога првпат прочитав за можноста за менторство, чувствував исполнетост со радост и благодарност. Одзивот беше моментален – без размислување, го примив предложениот состанок. Мојата менторка, беше исклучително отворена од самото почеток и со неа разговаравме за моите досегашни успеси, како и за чувствата, емоциите и искуствата кои ги имам, но и за моите амбиции и цели за иднината. Се чувствував слободно да споделувам и да размислувам на едно друго ниво.
Исклучително сум благодарена на фондацијата МК2025 за можноста да работам со таква прекрасна менторка и личност.”
Ова се некои од моите слики на ѕид во моето училиште кои би сакала да ги споделам со Вас