Surrounded by CEOs and top managers from 17 countries, the learning at the Executive Development Program at Kellogg School of Management was truly global and eye-opening. From polishing hard business skills to refining soft skills, this experience has been life-changing.
I’m grateful for the opportunity to learn, grow, and connect with brilliant minds across industries.
The insights gained will undoubtedly elevate my career and contribute to my personal development. I would like to extend a very special thanks to the person who established and sponsors this program in Macedonia, a true visionary leader and a passionate Macedonian-American, Mike Zafrovski.
„Центарот за критични јазици“ (Critical Languages Institute), како дел од „Меликјан – Центар за руски, евроазиски и источноевропски студии“ (The Melikian Center: Russian, Eurasian & East European Studies) при Државниот универзитет во Аризона (Arizona State University) организира студиска програма по македонски јазик во рамките на летниот семестар 2024 г.
Всушност, оваа програма постои од самото основање на Центарот (1991), кога, во првата година, македонскиот јазик бил првиот и единствениот јазик што бил понуден. Оттогаш, во овој центар, покрај македонскиот, денес се нудат летни студиски програми по многу јазици (турски, албански, ерменски, српски, руски, полски, персиски и др.) Важно е да се нагласи дека ова е едно од ретките места, ако не и единственото, каде што македонскиот јазик може да се изучува како студиска програма во високото образование vo САД. Постојат голем број можности за стипендирање. Рокот за пријавување ќе биде отворен уште кратко време до 29 март 2024 г.
Во изминатата недела Македонија2025, во рамки на проектот “Науката и Јас„, донираше сетови за наука на 20 основни училиштa низ државата.
Сетот за наука се доделува како инструмент – наставно помагало за поддршка и унапредување на образовниот развој во нашата земја, со цел обезбедување и подобрување на условите за одржување на наставата по природни науки во 6-то одделение. Овие сетови се доделија на оние училишта чии што наставник по природни науки беше учесник/учесничка на „Науката и Јас“ дводневната Тренинг работилница за ефективна настава по природни науки за наставници по природни науки во Македонија, одржана на 16-17 јануари 2024 година во Скопје.
Целокупната иницијатива има за цел да обезбеди долгорочна и континуирана корист од сетот за наука во училишната средина, осигурајќи го неговото значење за наставниците и учениците. Со опремување на нашите училишта со најновите научни алатки и ресурси, отвораме свет на откритија и иновации за следната генерација. Нашата цел е да ги инспирираме младите умови, да ја поттикнеме љубопитноста и да ги поддржиме наставниците во обезбедувањето влијателно научно образование. Сметаме дека континуираната примена на сетот за наука може да го зголеми нивното интересирање, мотивација и разбирање на наставните содржини, што на крајот ги подготвува за успешно справување со предизвиците во својата идна научна и академска кариера.
Претставници на Македонија2025 посетија три од училиштата корисници, меѓу кои: ООУ “Невена Георгиева – Дуња„ во Кисела Вода од Скопје, ООУ “Алија Авдовиќ„ од с. Батинци (Скопско) и ООУ “Блаже Конески„ од Велес и свечено им ги предадоа Сетовите за наука. Во секое од училиштата се остварија средби со наставниците и директорите на која се разговараше околу можностите за понатамошна соработка и организација на предстојните Саеми за наука. Во рамките на овие регионални саеми за наука наставниците – учесници на обуката имаат обврска да прикажат индивидуални научни проекти спроведени и претставени од нивни ученици од 6 одделение.
Ова е еден мал, но значаен чекор во поддршка на образованието и развојот на младите умови во нашата заедница.
Во оваа прилика би сакале да изразиме благодараност на две општествено одговорни компании: Арс Ламина (Литература.мк) и Тримакс, кои се приклучија кон иницијативава и го збогатија сетот за наука со своите производи.
Македонија2025 го имплементира овој проект во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.
Центарот за дигитална трансформација „ГоДигитал“, со поддршка од Македонија2025 објавува отворен повик за обука и меѓународна сертификација за дигитален експерт за бизнис експерти и консултанти. Сите заинтересирани бизнис експерти и консултанти (вклучително и консултантски компании) можат да се пријават за бесплатна обука и сертификација во три области:
е-трговија и експерт за социјални медиуми,
експерт за дигитална трансформација и
ИТ безбедност
ГоДигитал ги покрива сите трошоци за обука и меѓународна сертификација на консултантите, додека пак консултантите ќе имаат обврска за враќање на средствата за обуката кон „ГоДигитал“ во форма на консултантски услуги за микро, мали и средни претпријатија. Консултантските компании кои ќе предложат консултанти ќе имаат можност за комерцијални ангажмани на проекти во македонски микро, мали и средни компании.
Обуката ќе започне на 15.03.2024 (петок), и ќе трае во 3 турнуси од по два дена, како и практичен испит за сертификација од лиценцирана Австриска организација.
Апликантите треба да ги исполнуваат следните административни барања:
Физички лица граѓани на Република Македонија;
Најмалку 8 години работно искуство како самостоен консултант или во рамки на компанија,
Завршени најмалку додипломски студии,
Напредна компјутерска писменост,
Одлично познавање на англиски јазик.
Предност имаат кандидатите со искуство и сертификати во технологија, иновации и бизнис процеси.
Пријавувањето се врши преку пополнување на форма достапна подолу. Потребно е да се достават следните документи:
Професионална биографија;
Мотивациско писмо (најмногу 500 зборови);
Референци/сведоштва од најмалку еден претходен клиент (до 300 зборови по документ);
Примери (case study) за две успешно завршени консултантски работи за дигитална трансформација на бизниси (до 500 збора);
Дополнително да се достави референца од работодавач доколку пријавувањето е преку консултантска компанија.