It is our great pleasure to highlight the positive impact of the Atanas Bliznakoff Scholarship through the story of Aleksandra Davcheva, a dedicated student at the Faculty of Economics at the “Ss. Cyril and Methodius” University in Skopje.
“The scholarship from the “Atanas Bliznakoff” Foundation was not only financial support but also a strong motivation during my studies. During the first academic year, the scholarship helped me focus on what I love – learning, research and progress.
Now I don’t see my studies as an obligation, but as an opportunity to develop, progress and build myself as a successful person. I participated in events, connected with young people from different faculties, which was of key importance for my further academic and personal development.
Thanks to the scholarship, I had the honor of being an “Ambassador for a Day” – a moment that I carry with me as a lasting inspiration and motivation.
This event allowed me to find myself in a role that requires leadership, communication, and self-confidence.
I had the chance to meet the British Ambassador, discuss various topics, and was honored to be a guest of the President of our country.
The scholarship not only brought me financial security, it also gave me the courage to believe in myself and strive for more with a sincere desire for progress. ”
It is our great pleasure to highlight the positive impact of the Atanas Bliznakoff Scholarship through the story of Iva Parapanski, a dedicated student at the Faculty of Philology at the “Ss. Cyril and Methodius” University in Skopje.
“The Atanas Bliznakoff Scholarship was a crucial pillar of support throughout my first year of college. It covered my apartment rent and all academic essentials, but more importantly, it lifted the weight of financial stress from my shoulders.
Thanks to this generous support, I was able to go through exam sessions with a clear mind—carefree, focused, and fully committed to my studies. I didn’t have to worry about rent or expenses; I could simply be a student.
I’m deeply thankful for this empowering opportunity, which allowed me to grow academically and emotionally in a pressure-free environment.”
It is our great pleasure to highlight the positive impact of the Atanas Bliznakoff Scholarship through the story of Jana Dukleska, a dedicated student at the Faculty of Economics at the “Ss. Cyril and Methodius” University in Skopje.
“Becoming an ABF scholar was not just a recognition of my past achievements—it was the beginning of a transformative journey. From the very start, the program offered more than just financial support; it gave me a sense of purpose, community, and confidence.
During my first year, I grew tremendously, both academically and personally. Surrounded by ambitious and like-minded peers, I was constantly inspired to push beyond my limits. The mentorship, workshops, and events organized by ABF helped me refine my goals and discover new perspectives on leadership and impact.
One of the most valuable lessons I learned is that being a scholar is not just about excelling in studies—it’s about using your potential to uplift others and contribute to positive change. ABF reminded me that with opportunity comes responsibility.
To the new scholars: embrace every moment. Stay curious, ask questions, get involved, and don’t be afraid to dream bigger than ever before. You are part of something special—make the most of it.
I’m deeply grateful to ABF for believing in me. This first year has laid the foundation for everything that comes next, and I couldn’t be more excited about the journey ahead. ”
Фондацијата „Атанас Близнакоф“ објавува повик за доделување стипендии за студентска извонредност за редовни студенти запишани во прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во академската 2025/2026 година.
Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но немаат доволно средства за продолжување на сопственото образование.
Општи услови за кандидатите
Право да конкурираат имаат ученици/кандидати кои:
се запишуваат како редовни студенти во прва година на првиот циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
завршиле средно образование со постигнат просечен успех од најмалку 4,0;
чиј вкупен бруто приход на семејството (родители/старатели и кандидатот) за 2024, година по сите основи, не надминува 800.500 денари;
се државјани на Република Северна Македонија;
не се корисници на стипендии од други институции, организации и фирми повисоки од 6.000 денари.
Висина на стипендијата
Висината на стипендијата изнесува 2.500,00 (две илјади и петстотини) американски долари годишно и се исплатува еднаш годишно, на почетокот на студиската година, најчесто во октомври. Исплатата на стипендијата се врши во денарска противвредност, на трансакциска сметка на корисникот на стипендијата.
Потребни документи за аплицирање
Потребни документи за аплицирање за стипендија се:
1. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија, издадено од Министерството за внатрешни работи;
2. Уверение/потврда од УЈП за остварени приходи по разни основи за 2024 година, за родителите/старателите на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
3. Изјава од кандидатот за морална, кривична и материјална одговорност;
4. Документи за успех во средно образование, односно свидетелства од I до IV година;
5. Документ за положена државна матура;
6. Биографија на македонски јазик (CV Europass или друга слична форма);
7. Есеј (најмногу до 500 збора) на тема: „Зошто Ви е потребна стипендијата и како ќе Ви помогне во избраната област на студии?“;
8. Дипломи и потврди за освоени награди на меѓународни, државни, регионални и општински натпревари (освоени во последните три години);
9. Препорака од наставник, директор или друго лице вклучено во претходното образование на кандидатот;
10. Фотографија – во формат за лична карта или пасош (биометриски формат);
11. Други документи (доколку има).
ВАЖНО: Детални инструкции и појаснувања за потребната документација за аплицирање за стипендиите за талентирани студенти на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за академската 2025/2026 година се достапни на платформата за E-scholarship, под наслов: ИНСТРУКЦИИ и ПОЈАСНУВАЊА за пополнување на апликацијата и барана документација (се наоѓаат во долниот лев агол кај самиот повик).
При аплицирање, кандидатот потврдува дека:
· е државјанин на Република Северна Македонија;
· не е корисник на друга стипендија повисока од 6.000 денари;
· под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека податоците прикажани во електронската пријава се целосно вистинити и одговараат на реалната состојба; во спротивно, се согласува пријавата да се смета за невалидна;
· дозволува неговите лични податоци да бидат јавно објавени при објавувањето на резултатите за добитници на стипендијата;
· сите членови од потесното семејство (брат или сестра, баба или дедо) кои остваруваат личен приход ги исклучува од вкупниот број членови на потесното семејство при аплицирање за стипендијата;
· ги има прочитано и ги разбира начинот, условите, правата и обврските за доделување и продолжување на стипендијата, објавени во Отворениот повик за доделување стипендии за академската 2025/2026 година.
Рангирање на кандидатите
Рангирањето на кандидатите се врши врз основа на следниве критериуми. Максималниот број на освоени бодови е 100,од кои:
Критериум
Бодови
Материјална состојба на кандидатот и потесното семејство
40
Општина на живеење
5
Успех остварен во претходното образование
30
Есеј (до 500 збора)
5
Освоени награди
10
Интервју
10
Вкупно
100
Материјална состојба на кандидатот (40 бода)и се пресметува како однос помеѓу:
Вкупниот бруто приход на родителите/старателите на кандидатот и самиот кандидат за последната календарска година (2024), и
Бројот на членовите во потесното семејство.
Општината во која живее кандидатот (5 бода)
Успех остварен во претходното (средно) образование (30 бода)
Успехот се оценува врз основа на успехот од завршеното средно образование и тоа од I до IV година, како и успехот од реализираната државна матура.
Есеј (најмногу 500 збора) – просек од бодовите на Комисија (до 5 бода) наТема: Зошто Ви е потребна стипендијата и како ќе Ви помогне во избраната област студии?)
Награди на меѓународни, државни, регионални и општински натпревари во последните три години. (10 бода)
Интервју во присуство на членови на комисијата (10 бода)
Препорака од наставник, директор и/или друго лице вклучено во претходното образование на кандидатот/кандидатката (незадолжително)
Апликацијата се пополнува електронски, со задолжително креирање на кориснички профил и прикачување на бараната документација на македонски јазик.
Процесот на аплицирање и административната проверка се спроведуваат од страна на Фондацијата МK025.
Краен рок за аплицирање: 30 август 2025 година (до 23:59 часот).
Процес на селекција
Начин на доделување на стипендии
По завршување на Конкурсот и процесот на административна проверка, платформата за e-scholarships врши автоматско бодување за критериумите: материјална состојба на кандидатите, општина на живеење, успех остварен во претходното образование и освоени награди.
За критериумите есеј и интервју, Комисијата поединечно ги разгледува апликациите и доделува бодови во платформата, кои претставуваат просек од сите внесени бодови од страна на членовите на Комисијата.
Комисија за избор на стипендисти е составена од истакнати членови на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ и Фондацијата МК2025 на начин и услов утвреден со Правилникот за доделување на стипендијата.
По внесувањето на сите податоци и бодови за сите критериуми, платформата генерира ранг-листа на кандидати според освоените бодови. Комисијата ја донесува конечната одлука за доделување на стипендиите.
Правото на користење на стипендијата започнува откако кандидатот ќе достави потврда за редовен студент запишан во прва година на прв циклус студии на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Сите кандидати ќе бидат известени за извршениот избор за доделување на стипендии најдоцна до крајот на октомври 2025 година по електронски пат. Списокот со избрани кандидати ќе биде објавен на интернет-страницата на Фондацијата МК2025 и на останатите партнерски организации.
Услови, права и обврски за продолжување на стипендијата
Стипендијата ќе се продолжува годишно под следниве услови, начин и постапка:
1. Корисникот на стипендијата е должен:
Редовно да ги полага испитите и да доставува до Фондацијата потврда за запишан последователен зимски семестар на почетокот на секоја академска година (заклучно со септемврискиот испитен рок);
да има постигнат просечен успех од најмалку 7,00, од првата до тековно запишаната студиска година (се докажува со доставување на потврда за положени испити заклучно со септемврискиот испитен рок);
да има положено 80% од предвидените предмети (задолжителни, изборни и опциони) утврдени со студиската програма на факултетот (се докажува со доставување на потврда за положени испити заклучно со септемврискиот испитен рок).
2. Корисникот на стипендијата се обврзува дека:
благовремено ќе ја извести Фондацијата за секоја промена што би настанала за време на студиите, од значење за редовно користење на стипендијата и спротивно на наведените услови;
по добивање на средствата, на трансакциската сметка, да достави известување на e-mail: ABFUSA22@gmail.com
3. Корисникот на стипендијата е согласен:
да учествува на состаноците и настани за вмрежување организирани во рамките на Програмата “Атанас Близнакоф” за студентска извонредност, а се однесуваат на академскиот и личниот развој на стипендистот. (Програмата за менторство со професионалци, Врсничко менторство, Програма за обуки итн.);
да дава сведоштва за искуството, да одговара на прашалници и барања во врска со прибирање или ажурирање на податоците потребни за одржување и развој на платформата и програмата, или работата на Асоцијацијата на стипендисти;
4. Корисникот на стипендијата го губи правото на стипендија ако:
ги прекине или ги напушти студиите;
не запише последователен зимски семестар на студии;
не достави потврда за запишан зимски семестар или потврда за положени испити навремено;
зимскиот семестарот го запишал по вторпат;
дипломира;
му мирува статусот на студент;
добие стипендија или кредит од другиот давател повисока од 6.000 денари;
неточно ги прикажал условите и документите важни за доделување и користење на стипендијата;
5. Правото на стипендија завршува заклучно со последниот редовно запишан семестар од предвиденото траење на студиската програма на факултетот (предвидениот број на семестри) на која е запишан корисникот на стипендијата.
ВАЖНО!
При пополнување на апликацијата, ве молиме детално прочитајте ги Инструкциите и препораките за пополнување на апликацијата, како и Начинот, условите, правата и обврските за добивање и продолжување на стипендијата, прикажани на платформата, во Отворениот повик и прикачени на левата страна на веб-страницата како Документи за стипендијата.
На 19 мај 2025 година, во просториите на Млади Хаб, Скопје, се одржа втората практична работилница во рамки на програмата „Атанас Близнакоф“ на Македонија2025, посветена на темата „Ментално здравје и справување со стрес“.
Работилницата ја водеше проф. д-р Ана Фрицханд, професорка на Институтот за психологија при УКИМ, која преку интерактивен пристап и лични примери го доближи значењето на емоционалната стабилност и психолошката самосвест до младите учесници. Стипендисти активно учествуваа во сесијата, споделувајќи искуства и размислувања поврзани со менталното здравје и стресот.
Програмата беше структуирана во три дела. Обуката започна со интерактивна игра за запознавање „Две вистини и една лага“, со која се создаде позитивна енергија и меѓусебна доверба. Потоа, учесниците работеа во мали групи каде размислуваа за трите работи што ги сакаат, во што се добри и што планираат да постигнат – вежба за саморефлексија и мотивација. Во вториот дел од сесијата, преку тимска активност „Цртање со затворени очи“, се нагласи значењето на комуникацијата, довербата и соработката.
Фокусот на завршниот дел беше ставен на практични совети за справување со стрес, анксиозност и панични напади. Проф. Фрицханд ги сподели техниките за длабоко дишење, важноста на релаксирачки активности и улогата на поддржувачки кругови од блиски луѓе: „Кому му се обраќате кога сте под стрес?“ и „Кој ви се обраќа вам кога му е тешко?“
Работилницата целосно ја исполни својата цел – да ги поттикне младите да се грижат за сопственото ментално здравје, да препознаваат знаци на стрес и да користат ефективни стратегии за справување со него. Овој настан ја зајакна заложбата на Македонија2025 и програмата „Атанас Близнакоф“ да негуваат млади лидери кои се подготвени да се соочат со лични и професионални предизвици со самодоверба и емпатија.
Искрена благодарност до Млади Хаб за поддршката во реализацијата на оваа значајна работилница.
Во рамки на годинешниот Самит на Македонија2025, се одржа свечената церемонија на доделување сертификати за стипендистите на „Атанас Близнакоф“ Програмата за студентска извонредност. Настанот ја истакна не само академската посветеност на младите таленти, туку и пошироката мисија на програмата – обезбедување еднаков пристап до квалитетно високо образование за сите студенти.
Преку оваа програма, моментално се поддржуваат над 130 активни стипендисти, додека мрежата на алумни продолжува да расте и да дава значаен придонес во различни професионални сфери. Годишно, се доделуваат 40 нови стипендии на најперспективните студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
📚 Стипендистите доаѓаат од над 30 општини низ земјата и студираат на различни факултети – од медицина и инженерство, до уметност и општествени науки. Оваа разновидност ја прави програмата платформа за навистина инспиративна соработка, размена на идеи, личен и професионален раст.
Во рамки на Самитот, беа истакнати и дополнителните активности кои ја збогатуваат програмата како:
✅ Меѓу-генерациско менторство – поддршка и размена на искуства меѓу самите стипендисти
✅ Менторство со искусни професионалци – над 100 менторства со искусни професионалци и членови на македонската дијаспора
✅ Обуки и тренинзи за личен и професионален развој
✨ Особено внимание беше посветено на Иницијативата за практикантство, која има за цел да ја прошири мрежата на можности за стипендистите преку соработка со приватниот сектор.
„Ова не е само финансиска поддршка. Ова е верба во потенцијалот на секој млад човек. Верба дека академскиот успех не треба да биде ограничен од социо-економски бариери,“ истакна во своето обраќање Нена Манчев, Менаџер на програмите за лидерство и образование
Посебна благодарност беше упатена до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, како и до претставниците на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ – Софи и Митре Кутановски – чие визионерство и поддршка стојат зад успехот на оваа програма.
🎓 Церемонијата заврши со доделување на сертификати за извонредност, симболични финансиски награди како и Diners Club картички за стипендистите.
На 15 април 2025 година, во просториите на Млади Хаб, Скопје, се одржа практична и инспиративна работилница на тема „Моќта на јавното говорење и говор на тело“, организирана за стипендистите на програмата „Атанас Близнакоф“ на Македонија2025.
Интерактивната сесија беше водена од Анастасија Илиевска – новинарка, уредничка и сертифициран обучувач за комуникациски вештини, која преку практични примери и директна вклученост на учесниците ја доближи темата до секој присутен. На настанот учествуваа 20 млади стипендисти кои активно се вклучија во сесијата.
Целта на работилницата беше да ги охрабри младите да зборуваат самоуверено, автентично и со јасна порака. Преку воведувањето на формулата 3А – Автентичност, Ажурност и Акција, учесниците се запознаа со темелите на ефективната комуникација. Особено внимание беше посветено и на невербалната комуникација – тоналитетот, држењето на телото, микромимиката, гестовите, позиционирањето на нозете и изборот на облека – како елементи кои силно влијаат врз перцепцијата на говорникот.
Работилницата целосно ја исполни својата мисија – да ги опреми младите лидери со применливи комуникациски алатки кои ќе им помогнат да се истакнат во академскиот, професионалниот и личниот развој. За сите кои не беа во можност да присуствуваат, сесијата беше целосно документирана и наскоро ќе биде достапна на социјалните медиуми на Македонија2025.
Овој настан претставува почеток на еден важен чекор во рамки на континуираната заложба на програмата „Атанас Близнакоф“ да инвестира во младите – со цел да ги подготви да ги застапуваат своите идеи, знаења и вредности – гласно, јасно и самоуверено.
Искрена благодарност до Млади Хаб за обезбедувањето на простор и за нивната помош во одржување на оваа работилница.
Со огромна гордост ја претставуваме првата генерација дипломци од програмата „Атанас Близнакоф за студентска извонредност“. Оваа програма, која од 2021 година се реализира со поддршка на MK2025, претставува значаен чекор кон поттикнување на академскиот и професионалниот развој на студентите, обезбедувајќи им платформа и можности за успех.
Од стипендистите запишани во академската 2021/2022 година, 21,1% успешно ги завршија своите тригодишни студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поставувајќи високи стандарди за академски успех.
Нашите дипломци истакнаа извонредноста на следните факултети и студиски програми:
● 7 студенти ги завршија своите студии на Правниот факултет
● 3 студенти се специјализираа на програмата за забни техничари на Стоматолошкиот факултет
● 5 студенти од Медицинскиот факултет се истакнаа на програми како што се медицински сестри, логопедија, радиолошка технологија, физиотерапија и диететика
Во име на фондацијата MK2025, фондацијата „Атанас Близнакоф“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ упатуваме честитки до сите дипломци, кои беа дел од АБФ програмата. Вашиот успех е нашата гордост и мотив да продолжиме со поддршка на идните генерации студенти.
Нека ова биде почеток на една долга и успешна приказна за сите наши дипломци!
Четириесет студенти од првиот циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје се добитници на стипендијата „Атанас Близнакоф„ за студентска извонредност на Фондацијата МК2025. Годишно секој студент ќе добие 2,500 американски долари (денарска противвредност) стипендија како поддршка за своите студии. Стипендиите се обезбедени од фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како поддршка за новата генерација на академски граѓани.
Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прва година на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје, кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но немаат доволно средства за продолжување на сопственото образование.
Фондацијата МК2025 по трет пат го администрира отворениот повик за стипендии на фондацијата „Атанас Близнакоф„ преку која досега поддржавме 134 извонредни студенти од 25 градови, кои студираат на 17 факултети во 47 студиски програми, со речиси еднаква родова и етничка застапеност. Со новите стипендисти семејтвсото на Атанас Близнакоф стипендисти ќе се зголеми на над 160 стипендисти.
Во продолжение следи листата на добитници на стипендијата:
Име
Презиме
Факултет
Град
Есма
Рамадани
Медицински факултет
Струга
Антонио
Ристовски
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
Велес
Нада
Спасеска
Економски факултет
Гостивар
Александра
Новакоска
Факултетот за земјоделски науки и храна
Скопје
Верица
Поцева
Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ
с.Подареш-Радовиш
Тијана
Радовиќ
Медицински факултет
Струга
Тијана
Манасова
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
Свети Николе
Тифани
Атанасоска
Филозофски факултет
Прилеп
Марија
Костадиновска
Машински факултет
Кавадарци
Сабина
Гуџевиќ
Медицински факултет
с.Лажани – Прилеп
Емануел
Аврамоски
Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ
с.Самоков – Македонски Брод
Кевин
Пецов
Факултетот за музичка уметност
с. Ѕвегор – Делчево
Теофанија
Костантиновска
Медицински факултет
Битола
Фисник
Мемети
Медицински факултет
Скопје
Софија
Стојановска
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
Скопје
Антонио
Трајкоски
Факултетот за музичка уметност
Прилеп
Ајла
Мемеди
Правен факултет „Јустинијан Први“
Скопје
Едона
Узаири
Медицински факултет
Тетово
Тамара
Иванова
Фармацевтски факултет
Градско
Албенита
Хоџа
Економски факултет
Скопје
Јана
Дуклеска
Економски факултет
Охрид
Белкиса
Каили
Медицински факултет
Скопје
Медине
Арслановска
Медицински факултет
Скопје
Алма
Рамадани
Медицински факултет
Скопје
Зехра
Идриз
Медицински факултет
Скопје
Љубица
Ристеска
Природно-математички факултет
Кичево
Теодора
Иванова
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
Градско
Ердуан
Османи
Медицински факултет
Скопје
Матеј
Звездакоски
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
Прилеп
Александра
Давчева
Економски факултет
Неготино
Mарио Туше
Стојановски
Факултетот за музичка уметност
Ресен
Јована
Димитровска
Економски факултет
Делчево
Бојана
Митревска
Стоматолошкиот факултет
Велес
Ана Марија
Цветаноска
Медицински факултет
Тетово
Асим
Казовски
Природно-математички факултет
Дебар
Стефан
Доцевски
Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Куманово
Ива
Парапански
Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески”
Прилеп
Драгана
Спасева
Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ
Велес
Jana
Nikoloska
Природно-математички факултет
Кичево
Несрин
Зендели
Медицински факултет
Скопје
Правото на користење на стипендија започнува откако избраните апликанти ќе достават потврда за редовен студент запишан/а во прва година на прв циклус на академски студии на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2024/2025 година.
Дистрибуцијата на стипендиите ќе се реализира преку „Атанас Близнакоф“ фондацијата при УКИМ.
МК2025 ќе остане партнер на фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД и „Атанас Близнакоф“ фондацијата при УКИМ и во иднина, и тоа преку процесот на активно следење на успесите на стипендистите и нивното право за продолжување на стипендијата.
Им честитаме на сите добитници и им посакуваме да ја искористат оваа неверојатна поддршка да ги остварат своите соништа, да се усовршуваат и посветат на студиите и да го отклучат светот на можности и професионален раст и развој!
Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивната “Атанас Близнакоф„ приказна на нашиот стипендист од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност – Михаил Стојкоски, студент на Медицински факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.
“Искрено ја изразувам мојата благодарност до Фондацијата “Атанас Близнакоф„, која ми претставува огромна поддршка во справувањето со финансиските предизвици што ги носи студирањето. Благодарение на оваа стипендија, мојата академска патека стана многу полесна, овозможувајќи ми да постигнам врвни резултати. Со голема чест ја прифаќам и улогата како дел од High Achievers заедницата. Нивната верба во мојот потенцијал ме мотивира да продолжам да се стремам кон уште поголеми успеси. Запознавањето на стипендистите меѓу себе носи многубројни нови пријателства, создавајќи простор за размена на идеи, знаење и искуства меѓу луѓе со слични амбиции и цели. Дополнително, оваа заедница на млади луѓе служи како извор на мотивација за натамошни успеси, бидејќи секој стипендист добива можност да учи од достигнувањата на другите и да добие поддршка во предизвиците со кои се соочува.”