Our CEO, Nikica Mojsoska Blazevski, had an opening address welcoming all participants this year while highlighting the benefits of the LEADER Project. With pride, she noted the impact the program had for the over 403 participants we trained over the years. This legacy of empowerment continues to drive us forward as we embark on another edition of the LEADER Project.
Following the CEO’s address, participants had the honor of engaging with distinguished instructors from the renowned Ivey School of Business in Canada. These insightful discussions allowed them to share invaluable insights about their businesses, laying the groundwork for collaborative learning.
Over the next two weeks, all attendees will delve deep into various aspects of business operations, covering everything from strategic planning to financial management, marketing, sales, and sustainable growth strategies. Our aim is to equip them with the knowledge and skills essential for thriving in today’s dynamic business landscape.
Beyond classroom sessions, participants will also enjoy personalized mentoring and guidance from our esteemed instructors. These one-on-one sessions offer tailored support to address individual business challenges and goals.
Join us on this exciting journey as we empower aspiring entrepreneurs to reach new heights of success in Macedonia!
In an era where guidance and leadership are paramount to success, we are immensely proud to spotlight our mentorship initiative wit in the Support Fund for Talented High School Students “Talents Today – Leaders Tomorrow.” This program stands as a testament to the power of mentorship in fostering the next generation of leaders, especially among high school students from economically disadvantaged backgrounds. Our aim is not just to mentor but to transform lives and communities by empowering young talents to reach their full potential.
As we move forward, our gratitude extends profoundly to all mentors who have dedicated their time, knowledge, and hearts to this noble cause. Your unwavering commitment and personal investment in the future of these young minds do not go unnoticed. Your roles as guides, advisors, and role models are crucial in navigating these talented individuals toward a brighter, more promising future.
We are honored to introduce our distinguished mentors, each a beacon of excellence in their respective fields, contributing their unique expertise and insights:
Angela BUSHESKA, an Engineering Student, Social Entrepreneur, and Public Speaker, who also stands as a proud former beneficiary of the “Talents Today – Leaders Tomorrow” Scholarship Program. Angela’s journey from scholarship recipient to mentor embodies the program’s cycle of empowerment and giving back.
Daniel CUNNINGHAM, an esteemed Instructional Designer, Public Speaker, and Learning and Development Consultant, whose innovative approaches in education are shaping the learning experiences of our mentees.
Zehra KJUFLIJU, a dedicated Program Associate at the International Republican Institute (IRI), who passionately advocates for environmental and social causes, enriching our program with her global perspective and commitment to change.
Ivana NIKOLIKJ, a trailblazer as a Business Development Executive at IWConnect and a celebrated Forbes Councils Official Member. Ivana brings a wealth of knowledge in tech, leadership, and innovation.
Mаја CHANAKJEVIKJ, an English Horn soloist and oboe player with the National Philharmonic Orchestra, whose artistic brilliance and dedication inspire creativity and excellence.
Mitko ANDONOV, a visionary entrepreneur and owner of Eon Eden marketing and strategy, providing invaluable insights into marketing, business planning, and e-commerce.
Nela JOLESKA, the CEO of Genuine Dynamics, whose expertise in emotional intelligence and performance management is transforming leadership paradigms.
Nena MANCHEV, the Head of Education and Leadership Programs at Macedonia2025, guiding our educational strategies with her profound experience and commitment to leadership development.
Slavica TASEVA, a Founder of Resources & Solutions, whose expertise as a Career Coach, Trainer, and HR & KPI Consultant is invaluable to our mentors and mentees alike.
Tiana SKENDEROVSKA POLENAKOVIKJ, with her MS in Industrial Engineering and Management, brings a unique blend of experience from the automotive and software industries, enriching our program’s diversity.
Through your generous support and mentorship, you are not only shaping futures but also empowering young minds across Macedonia. Your dedication is nurturing potential, paving the way for a brighter tomorrow, and creating a legacy of leadership and hope.
We extend our deepest thanks for your commitment to mentoring and for being pillars of support and inspiration for our scholarship recipients. Your impact is immeasurable, and together, we are indeed making a difference.
Together, we are nurturing the leaders of tomorrow.
Ајде да инспирираме повеќе ученици да ја засакаат НАУКАТА!
Придружете ни се на овој водич за искуство и инспирација, каде што ќе го откриеме значењето на вистинската преданост и љубов кон образованието. Со особено задоволство следна во серијалот мотивациски приказни ви ја претставуваме инспиративната животна сторија на Милена Шутевска, наставник по биологија и природни науки од основното уилиште “Сандо Масев” од Струмица.
Миленината приказна, односно патот до наставник, нè потсетува дека секој од нас може да ја пронајде својата вистинска професија и да ја исполни со радост и задоволство. Следи нејзиното патување кон вистинската професионална и лична извонредност. „Нашето образование започнува од најрана возраст, преку детска градинка, каде учиме и споделуваме идеи додека се играме со нашите пријатели, и продолжува во основното и средното образование. Учењето не завршува никогаш, туку трае целиот наш живот. Јас го започнав моето образование во селото Русиново (Берово). Иако секогаш бев меѓу најдобрите ученици, никогаш не сонував да станам наставник. Сепак, животот често не оди по нашите планови. Мојата патека ме одведе кон образованието, станување наставник – најблагородната професија.
Во почетокот ми беше како сон, велев каде сум, но не ми требаше многу време за да се пронајдам себеси, за да речам, не можеше подобро да биде. Труд, љубов, работа, мотивација, желба. Тоа беше што ме водеше секој ден, па се до денес. Верувајте во себе, не плашете се, трудете се до крај, токму ова беше моето мото. Верував и успеав, и сега сум најсреќна, исполнета со мојата работа и професија како наставник, и знаете што не би ја заменила за ништо на светот. Затоа што децата се мојот свет, нивните насмевки, нивните успеси ми покажуваат и докажуваат дека сум на правото место и ја работам правата работа.”
Нашата кампања „Наука за иднината„ има за цел да ги мотивира и поттикне учениците од основното образование кон патот за да станат научници кои се во развој или се двоумат. Личната порака до сите основци со цел да ги мотивираме да изберат кариера/ образование поврзано со наука од наставничката Милена е “Образованието треба да се стреми кон тоа да ја доведе моралната, интелектуалната и физичката природа на учениците до совршенство, за тие да можат да дадат најголем можен придонес за себе и за другите.„
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.
Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК
Ајде да инспирираме повеќе ученици да ја засакаат НАУКАТА!
Со особено задоволство следна во серијалот мотивациски приказни ви ја претставуваме инспиративната животна сторија на Елена Андонова, наставник по Биологија и Природни науки во оштинско основно училиште “Јосип Броз Тито„ од Валандово.
Ова е поглед во нејзината филозофија и страст за науката, обележена со посветеност и инспирација кон нејзините ученици: “Науката е нешто повеќе од професија – таа не е само предмет во училишните кабинети, туку и начин на мислење, начин на истражување и начин на живот. Се трудам секојдневно да ја пренесам љубовта и мотивацијата за науката кон најмалите научници – моите ученици.
“Науката е како приказна во која вие како млади научници сте главните ликови. Секое истражување е нова стаза кон знаење и успех. Фантазирајте за вашите идеи, поставувајте прашања, бидете искрени во вашиот интерес кон светот на знаењето и направете магија. Затоа што науката е магија, еден волшебен свет полн со чуда. Откријте го чудото во вас и во светот, сакајќи ја науката отклучете ги вратите кон светот на знаењето и оставете своја трага на патот кон успехот.”
Нашата кампања „Наука за иднината„ има за цел да ги мотивира и поттикне учениците од основното образование кон патот за да станат научници кои се во развој или се двоумат. Личната порака до сите основци со цел да ги мотивираме да изберат кариера/ образование поврзано со наука од наставничката Елена е “Науката е клучот до раскинување на завесите на несигурноста, отварајќи ја вратата кон бескрајни можности за знаење и промена на светот околу нас”.
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.
Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК
Подобрување на квалитетот на животот преку забрзување на економскиот раст е основната цел на реформскиот план ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ, што го предлага организацијата Македонија2025. Планот се базира на „Платформата за просперитет“ која Македонија2025 ја претстави во 2020 година, а чии фундаменти вклучуваат: Нулта толеранција за корупција, преку транспарентност, систем базиран на заслуги и лична одговорност; Континуиран раст на БДП над 5% годишно, преку зголемени инвестиции во образованието, деловни и регулаторни реформи, поддршка на извозот и намалување на сивата економија; како и квалитетна и ефикасна јавна администрација и пристапување во ЕУ. „Македонија се соочува со силни развојни предизвици, како на локално, така на регионално и на глобално ниво, чија сложеност и неизвесност, заедно со бавниот напредок во приближувањето кон животниот стандард на ЕУ, повикуваат на сеопфатна, интензивна и темелна акција во претстојниот период. Токму ваквите состојби нѐ мотивираа да се посветиме на креирање на конкретни мерки со кои сакаме да ги поттикнеме сите чинители во општеството, да преземат одлучни активности за нивна имплементација“, изјави Никица Мојсоска-Блажевски, извршна директорка на Македонија2025.
Осврнувајќи се на улогата што ќе има организацијата во имплементација на спомената „Платформа за просперитет“ и планот ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ што произлезе од неа, ко-основачот на Македонија2025 Мајк Зафировски рече: „Како организација сме подготвени да имаме конструктивна улога во спроведувањето на активностите од платформата, делувајќи како партнери, активни учпесници и предводници. Покрај финансиска поддршка, подготвени сме да ги засилиме нашите лобистички напори во САД, ЕУ и кај соседните држави, со цел да обезбедиме поволни исходи за Македонија. Ќе ја поддржиме дигитализацијата на земјата и ќе ангажираме искусни експерти во областите на креирање развојни и антикорупциски политики. Македонија 2025 ќе ја активира целокупната своја мрежа и ресурси за остварување на целите и принципите на кои се темелат развојната платформа и реформскиот план што ги предлагаме. Истовремено, подготвени сме да соработуваме со сите заинтересирани страни, вклучувајќи ги и политичките партии во остварување на овие цели кои ќе ни овозможат заедно да изградиме посилна нација – сега и во годините што доаѓаат“, истакна Зафировски.
Членот на Одборот на директори на организацијата, Ѓорѓе Војновиќ ја потврди подготвеноста на Македонија2025 активно да се ангажира за да ги поддржи принципите кои се фундаментални за забрзан раст. „Би сакал да изразам лична подготвеност, единство и посветеност на сите членови на Македонија 2025 да помогнеме во имплементирање на клучните точки на Визијата за забрзан раст“, рече Војновиќ. Сетот на мерки во планот ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ се фокусира на три области и тоа: сеопфатна дигитализација на земјата, зајакнување на конкурентноста и искористување на потенцијалот на дијаспората.
„Во областа на дигитализацијата предлагаме мерки кои треба да овозможат граѓаните и фирмите да ги добиваат сите услуги и документи од државните институции по електронски пат. Ова значи целосна дигитализација на државните служби на централно и локално ниво, како и креирање систем за поддршка за дигитализација на микро, малите и средните претпријатија. Македонија2025 веќе се вклучи во реализација на една од овие мерки, преку основање на Центар за дигитална трансформација „ГоДигитал„, кој го ставаме на располагање за исполнување на целите во оваа област“, вели заменик-претседателот на Одборот на директори на М2025, Васко Кроневски. Говорејќи за мерките во Планот кои треба да овозможат јакнење на конкурентноста на македонската економија, членот на Одборот на директори на организацијата Живко Мукаетов, нагласи: „Динамиката и обемот на економскиот раст на нашата земја директно зависи од тоа колку и што извезуваме. А, за да можеме да се надеваме на зголемување на извозот неопходно е веднаш да се зафатиме со намалување на непотребниот бирократски товар за извозниците и регулативата која не само што не им помага, туку и ја намалува нивната конкурентска позиција“. Надоврзувајќи се на неговото излагање, членот на Одборот на директори на организацијата Виктор Мизо, посочи: „За да ја унапреди вкупната конкретност на домашната економија, земјата мора да привлече и нови инвестиции од странство, за што неопходно е да се воспостави нова стратегија, вклучувајќи и нов модел што ќе биде атрактивен за инвеститорите. За тоа треба да се изградат и ефикасни агенции кои навистина ќе им овозможат брзо да ги реализираат своите инвестициски проекти во нашата земја“. За третиот сет мерки од планот ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ кои треба да овозможат подобро искористување на потенцијалот на дијаспората, говореше членот на Одборот на директори на М2025 Боријан Борoзанов, кој меѓу останатото рече: „Македонија се соочува со силни емиграциски движења и намалување на бројот на населението, што предизвикува се поголем недостиг на работна сила, појава која веќе е пречка за економскиот развој на земјата. Едно од решенијата за ваквиот сериозен предизвик е да се креираат можности со кои ќе се олесни повратот на иселениците во нивната татковина. За тоа ние како организација нудиме конкретни мерки и политики кои државата може веднаш да ги спроведе“.
На подготовката на реформскиот план, што се базира на анализи и експертиза од различни области, работеа голем број членови на Македонија2025, кои дадоа значаен личен придонес, користејќи го и вмрежувајќи го своето големо знаење и професионално искуство. Во пресрет на претстојните избори организацијата ќе им го претстави планот на релевантни чинители во општеството, со цел мерките што се содржани во него да станат дел од вкупната развојна агенда на земјата во следниот период.
Подобрување на квалитетот на животот преку забрзување на економскиот раст е основната цел на реформскиот план ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ, што го предлага организацијата Македонија2025. Планот се базира на „Платформата за просперитет“ која Македонија2025 ја претстави во 2020 година, а чии фундаменти вклучуваат: Нулта толеранција за корупција, преку транспарентност, систем базиран на заслуги и лична одговорност; Континуиран раст на БДП над 5% годишно, преку зголемени инвестиции во образованието, деловни и регулаторни реформи, поддршка на извозот и намалување на сивата економија; како и квалитетна и ефикасна јавна администрација и пристапување во ЕУ.
„Македонија се соочува со силни развојни предизвици, како на локално, така на регионално и на глобално ниво, чија сложеност и неизвесност, заедно со бавниот напредок во приближувањето кон животниот стандард на ЕУ, повикуваат на сеопфатна, интензивна и темелна акција во претстојниот период. Токму ваквите состојби нѐ мотивираа да се посветиме на креирање на конкретни мерки со кои сакаме да ги поттикнеме сите чинители во општеството, да преземат одлучни активности за нивна имплементација“, изјави Никица Мојсоска-Блажевски, извршна директорка на Македонија2025.
Осврнувајќи се на улогата што ќе има организацијата во имплементација на спомената „Платформа за просперитет“ и планот ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ што произлезе од неа, ко-основачот на Македонија2025 Мајк Зафировски рече: „Како организација сме подготвени да имаме конструктивна улога во спроведувањето на активностите од платформата, делувајќи како партнери, активни учесници и предводници. Покрај финансиска поддршка, подготвени сме да ги засилиме нашите лобистички напори во САД, ЕУ и кај соседните држави, со цел да обезбедиме поволни исходи за Македонија. Ќе ја поддржиме дигитализацијата на земјата и ќе ангажираме искусни експерти во областите на креирање развојни и антикорупциски политики. Македонија 2025 ќе ја активира целокупната своја мрежа и ресурси за остварување на целите и принципите на кои се темелат развојната платформа и реформскиот план што ги предлагаме. Истовремено, подготвени сме да соработуваме со сите заинтересирани страни, вклучувајќи ги и политичките партии во остварување на овие цели кои ќе ни овозможат заедно да изградиме посилна нација – сега и во годините што доаѓаат“, истакна Зафировски.
Членот на Одборот на директори на организацијата, Ѓорѓе Војновиќ ја потврди подготвеноста на Македонија2025 активно да се ангажира за да ги поддржи принципите кои се фундаментални за забрзан раст. „Би сакал да изразам лична подготвеност, единство и посветеност на сите членови на Македонија 2025 да помогнеме во имплементирање на клучните точки на Визијата за забрзан раст“, рече Војновиќ.
Сетот на мерки во планот ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ се фокусира на три области и тоа: сеопфатна дигитализација на земјата, зајакнување на конкурентноста и искористување на потенцијалот на дијаспората.
„Во областа на дигитализацијата предлагаме мерки кои треба да овозможат граѓаните и фирмите да ги добиваат сите услуги и документи од државните институции по електронски пат. Ова значи целосна дигитализација на државните служби на централно и локално ниво, како и креирање систем за поддршка за дигитализација на микро, малите и средните претпријатија. Македонија2025 веќе се вклучи во реализација на една од овие мерки, преку основање на Центар за дигитална трансформација „ГоДигитал„, кој го ставаме на располагање за исполнување на целите во оваа област“, вели заменик-претседателот на Одборот на директори на М2025, Васко Кроневски.
Говорејќи за мерките во Планот кои треба да овозможат јакнење на конкурентноста на македонската економија, членот на Одборот на директори на организацијата Живко Мукаетов, нагласи:
„Динамиката и обемот на економскиот раст на нашата земја директно зависи од тоа колку и што извезуваме. А, за да можеме да се надеваме на зголемување на извозот неопходно е веднаш да се зафатиме со намалување на непотребниот бирократски товар за извозниците и регулативата која не само што не им помага, туку и ја намалува нивната конкурентска позиција“.
Надоврзувајќи се на неговото излагање, членот на Одборот на директори на организацијата Виктор Мизо, посочи: „За да ја унапреди вкупната конкретност на домашната економија, земјата мора да привлече и нови инвестиции од странство, за што неопходно е да се воспостави нова стратегија, вклучувајќи и нов модел што ќе биде атрактивен за инвеститорите. За тоа треба да се изградат и ефикасни агенции кои навистина ќе им овозможат брзо да ги реализираат своите инвестициски проекти во нашата земја“.
За третиот сет мерки од планот ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ кои треба да овозможат подоброискористување на потенцијалот на дијаспората, говореше членот на Одборот на директори на М2025 Боријан Борoзанов, кој меѓу останатото рече: „Македонија се соочува со силни емиграциски движења и намалување на бројот на населението, што предизвикува се поголем недостиг на работна сила, појава која веќе е пречка за економскиот развој на земјата. Едно од решенијата за ваквиот сериозен предизвик е да се креираат можности со кои ќе се олесни повратот на иселениците во нивната татковина. За тоа ние како организација нудиме конкретни мерки и политики кои државата може веднаш да ги спроведе“.
На подготовката на реформскиот план, што се базира на анализи и експертиза од различни области, работеа голем број членови на Македонија2025, кои дадоа значаен личен придонес, користејќи го и вмрежувајќи го своето големо знаење и професионално искуство. Во пресрет на претстојните избори организацијата ќе им го претстави планот на релевантни чинители во општеството, со цел мерките што се содржани во него да станат дел од вкупната развојна агенда на земјата во следниот период.
„Центарот за критични јазици“ (Critical Languages Institute), како дел од „Меликјан – Центар за руски, евроазиски и источноевропски студии“ (The Melikian Center: Russian, Eurasian & East European Studies) при Државниот универзитет во Аризона (Arizona State University) организира студиска програма по македонски јазик во рамките на летниот семестар 2024 г.
Всушност, оваа програма постои од самото основање на Центарот (1991), кога, во првата година, македонскиот јазик бил првиот и единствениот јазик што бил понуден. Оттогаш, во овој центар, покрај македонскиот, денес се нудат летни студиски програми по многу јазици (турски, албански, ерменски, српски, руски, полски, персиски и др.) Важно е да се нагласи дека ова е едно од ретките места, ако не и единственото, каде што македонскиот јазик може да се изучува како студиска програма во високото образование vo САД. Постојат голем број можности за стипендирање. Рокот за пријавување ќе биде отворен уште кратко време до 29 март 2024 г.
Во изминатата недела Македонија2025, во рамки на проектот “Науката и Јас„, донираше сетови за наука на 20 основни училиштa низ државата.
Сетот за наука се доделува како инструмент – наставно помагало за поддршка и унапредување на образовниот развој во нашата земја, со цел обезбедување и подобрување на условите за одржување на наставата по природни науки во 6-то одделение. Овие сетови се доделија на оние училишта чии што наставник по природни науки беше учесник/учесничка на „Науката и Јас“ дводневната Тренинг работилница за ефективна настава по природни науки за наставници по природни науки во Македонија, одржана на 16-17 јануари 2024 година во Скопје.
Целокупната иницијатива има за цел да обезбеди долгорочна и континуирана корист од сетот за наука во училишната средина, осигурајќи го неговото значење за наставниците и учениците. Со опремување на нашите училишта со најновите научни алатки и ресурси, отвораме свет на откритија и иновации за следната генерација. Нашата цел е да ги инспирираме младите умови, да ја поттикнеме љубопитноста и да ги поддржиме наставниците во обезбедувањето влијателно научно образование. Сметаме дека континуираната примена на сетот за наука може да го зголеми нивното интересирање, мотивација и разбирање на наставните содржини, што на крајот ги подготвува за успешно справување со предизвиците во својата идна научна и академска кариера.
Претставници на Македонија2025 посетија три од училиштата корисници, меѓу кои: ООУ “Невена Георгиева – Дуња„ во Кисела Вода од Скопје, ООУ “Алија Авдовиќ„ од с. Батинци (Скопско) и ООУ “Блаже Конески„ од Велес и свечено им ги предадоа Сетовите за наука. Во секое од училиштата се остварија средби со наставниците и директорите на која се разговараше околу можностите за понатамошна соработка и организација на предстојните Саеми за наука. Во рамките на овие регионални саеми за наука наставниците – учесници на обуката имаат обврска да прикажат индивидуални научни проекти спроведени и претставени од нивни ученици од 6 одделение.
Ова е еден мал, но значаен чекор во поддршка на образованието и развојот на младите умови во нашата заедница.
Во оваа прилика би сакале да изразиме благодараност на две општествено одговорни компании: Арс Ламина (Литература.мк) и Тримакс, кои се приклучија кон иницијативава и го збогатија сетот за наука со своите производи.
Македонија2025 го имплементира овој проект во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.
Ајде да инспирираме повеќе ученици да ја засакаат НАУКАТА!
Со особено задоволство следна во серијалот мотивациски приказни ви ја претставуваме инспиративната животна сторија на Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска, редовен професор на Техничко-технолошки факултет во Велес при Универзитет “Св. Климент Охридски„ Битола.
Ова е поглед во нејзината филозофија и страст за науката, обележена со посветеност кон истражување, непрестано учење и инспирација од храбрите научници: „Мојата приказна ќе ја започнам со зборовите на познатата добитничка на Нобелова награда – Марија Кири: ,,Ништо во животот не треба да не плаши, едноставно треба да се разбере. Сега е време да осознаеме повеќе, за да се плашиме помалку.“ (Nothing in life is to be feared, it is only to be understood. Now is the time to understand more, so that we may fear less.)
Отсекогаш се воодушевував на храбрите научници кои ги поместуваа границите на познатото и превземаа ризици, пред се поради нивната пасија кон работата/истражувањата, желбата за успех, и истрајноста да се докажуваат пред останатите особено пред оние кои не верувале во нивниот успех (понекогаш тврдоглаво, но гордо). Посебен белег и инспирација ми биле научниците од женскиот род на минатиот век кои навистина имале многу потежок пат до успехот споредено со научниците денес.
Во мојот живот имав среќа да учам од извонредни учители, професори и ментори, посетив најразлични академски установи и лаборатории во многу земји; се дружев со академски граѓани од помлади генерации до повозрасни истражувачи, дури и Нобеловци – од сите нив научив многу, и денес знам каква сакам да бидам. Сакам секојдневно да учам и читам за напредокот во науката, посебно во областа на новите материјали, нивните модификации и подобрувања, инженерство кое како мултидисциплинарен пристап вклучува предзнаења од хемија, физика, математика. Тоа им го препорачувам и на младите генерации – учете нови предмети секојдневно, пронајдете спој/решение на наученото и новите потреби во општеството, читајте многу, определете ја Вашата желба или Вашиот иден повик, и фокусирајте се кон него. Опкружете се со луѓе кои се подобри од Вас, кои споделуваат визии и идеи, и така ќе се чувствувате како вечен ученик кој учи и истражува. Јас сеуште го преферирам овој начин на работа и соработка, да се дружам и учам од подобрите од мене, бидејќи ние старееме не поради годините кои ги имаме, туку затоа што престануваме да учиме.
За крај би препорачала: “Единствен начин да направите значајна работа е да го сакате она што го работите” (The only way to do the great work is to love what you do – S. Jobs). Неодамна, ја добив титулата за Најдобар Научник на мојот Универзитет – ова ми е поттик да продолжам да го работам тоа што го сакам и да бидам самата подобра верзија од мојата вчерашна. (повеќе на следниот линк:fakulteti.mk)“
Нашата кампања „Наука за иднината„ има за цел да ги мотивира и поттикне учениците од основното образование кон патот за да станат научници кои се во развој или се двоумат. Личната порака до сите основци со цел да ги мотивираме да изберат кариера/ образование поврзано со наука од проф. Анка Трајковска Петкоска гласи: “Знаењето е најголемото богатство што може да го поседуваме без страв дека ќе бидиме ограбени.„
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста. Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.
Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК
Организацијата Македонија 2025 е посветена на создавање на просперитетна економска клима во Република Македонија која ќе ги подобри можностите за граѓаните, домашните компании и странските инвеститори. Ние промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството.
Заради остварување на нашата мисија потребени ни се лица кои се високо мотивирани, амбициозни и талентирани лица. Опис на позицијата: Како главен оперативен директор (ЦОО) на Македонија2025, ќе бидете одговорни за надзор и управување со секојдневните операции на организацијата за да се обезбеди непречено функционирање и раст. Известувајќи директно до главниот извршен директор, ќе играте клучна улога во спроведувањето на стратешките иницијативи, оптимизација на оперативните процеси и поддршка на организациските перформанси.
Главниот оперативен директор управува со компанијата секојдневно, и ќе ги извршува следните работни обврски:
Дизајнирање и имплементација на деловна стратегија, планови и процедури, во соработка со главниот извршен директор и Одборот на директори
Обезбедување на координација помеѓу активностите на организацијата
Поставување сеопфатни цели за перформанси и раст и мониторинг на напредокот кон постигнување на поставените цели
Воспоставување на политики кои ја промовираат културата и визијата на компанијата
Следење на секојдневните операции на компанијата и работата на персоналот, заради постигнување на ефикасност и ефективност во сите области на работењето
Поддршка на извршниот директор во финансиско планирање, буџетирање, соработка со асистентот за финансии и одржување на финансиската стабилност на организацијата
Водење на вработенита да постигнат максимални перформанси и посветеност
Известување и соработка со извршниот директор за сите важни работи
Помагање на извршниот директор во напорите за мобилизација на средства
Учество во активности за проширување (нови програми, инвестиции, партнерства, итн.)
Управување на односите со партнерите и главните стејкхолдери.
Услови за работа:
Позицијата е со работно време од 40 часа неделно во Скопје. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 6 месеци пробна работа (која ќе вклучува и обука), со можност за продолжување на договорот и редовно вработување на неопределено време. Месечниот надоместок ќеизнесува најмалку 70,000 денари во нето износ.
Работата на раководителот ќе се оценува најмалку еднаш годишно од страна на главниот извршен директор и претседателот на Одборот на директори на Македонија2025. Работата се оценува врз основа на однапред утврдени таргети. Согласно успешноста во работата, ќе имате право на пораст на платата и/или бонус за успешност во работата.
Квалификации и вештини:
Завршени додипломски или магистерски студии;
Релевантно работно искуство на средно ниво на менаџмент од најмалку 7 години;
Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан Англиски јазик;
Напредно познавање на алатките на Microsoft Office (посебно Word и Excel) и Google;
Аналитичност, прецизност и деталност во работењето;
Способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено;
Креативност и само-иницијатива, желба за постојано учење и надградување на знаењето;
Навременост и строго почитување рокови;
Подготвеност за индивидуална и тимска работа;
Познавање и верување во мисијата на Македонија2025.
Рок и начин на пријавување:
Документите кои ги докажуваат горните барања да се достават по електронски пат на careers@macedonia2025.com. Документите треба да содржат:
Професионална биографија;
Мотивациско писмо на англиски јазик (најмногу една страна);
Референци од претходни работодавачи/проектни координатори.
Првичната селекција ќе се спроведе врз основа на доставените апликации. Само избраните кандидати во втор круг ќе бидат повикани на интервју.
Почеток и завршеток на работно време: од 08:00/09:00 до 16:00/17:00 часот, од понеделник до петок.
Рокот за доставување на апликаците е 5 февруари, 2024 година. Приклучувањето кон Македонија2025 како главен оперативен директор претставува можност да придонесете кон мисијата на организацијата за поттикнување на економскиот раст и просперитет во Македонија. Доколку сте динамичен, стратешки лидер со страст за оперативна извонредност и позитивно влијание, ве покануваме да аплицирате за оваа влијателна улога.
Напомена: Овој опис на работното место е општ опис на одговорностите и квалификациите и може да подложи на промени согласно потребите на Македонија2025.