Posted on

Мила Ѓорѓевска – позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна

Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивната “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност – Мила Ѓорѓевска, студентска во трета година на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје при Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.

“Огромна благодарност до Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за мотивацијата и неизмерната поддршка која ја пружаат на секој од нас и која е од исклучително значење за нашиот напредок во текот на студирањето. Ми претставува огромна чест и задоволство што имавме можност да ги запознаеме претставниците од фондацијата и од првиот миг да ја почувствуваме безрезервната поддршка, посветеноста и работата која ја вложуваат во нашето образование. Патот кон остварувањето на нашите цели е полесен знаејќи дека некој секогаш е тука да те поддржува, да се радува и да го цени секој твој успех.„

Posted on

Анастасија Малеска – позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна

Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност Анастасија Малеска, студентска на Машинскиот факултет во Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.

“Благодарам е зборот што од срце го упатувам кон Фондацијата МК2025, до сите оние што ми помагаат да ја создадам својата иднина. Убаво е чувството кога вашиот пркос и желба за нови достигнувања се поддржани од некого. Некој кој ве мотивира, ви пружа сигурност и е ветер во вашиот грб.

Јас ја живеам мисијата што ми ја овозможува мојата идна професија и тоа ми дава крилја да истражувам, да експериментирам и постојано да се едуцирам. Кога ќе се свртам назад, Машински факултет е најдобриот избор што го направив. Низ лавиринтите на мехатрониката ме водат амбициите за тоа што го сакам и кое мора да го постигнам. Всушност, како иден инженер јас ќе ја креирам иднината, претварајќи го сонот во реалност, помагајќи му на човештвото.„

Posted on

Рената Николова – позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна

Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност Рената Николова, студентка на Економскиот факултет во Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.

“Стипендијата од Атанас Близнакоф е првиот и најголем успех кој ми се случи уште во првата година од студиите. Тоа ми даде чувство на гордост и увереност дека сум на вистинскиот пат. Благодарение на стипендијата Атанас Близнакоф, моето школување се одвива без финансиски предизвици, што ми овозможува целосно да се фокусирам на моето образование. Оваа поддршка не само што ми обезбеди стабилност и сигурност, туку и ми помогна да ги насочам сите мои сили и енергија кон академскиот успех.

Оваа стипендија значително ја зголеми мојата мотивација и ме инспирираше да вложувам уште повеќе труд во моите студии. Чувството дека некој верува во мене и ме поддржува преку оваа стипендија ми влева огромна самодоверба и решителност никогаш да не се откажувам. Без разлика на предизвиците со кои се соочувам, знам дека можам да ги надминам и да успеам благодарение на поддршката што ја добивам. Стипендијата Атанас Близнакоф е повеќе од финансиска помош – тоа е инспирација и мотивација за да продолжам да се стремам кон моите соништа.„

Posted on

Успесите на нашата стипендистка Јулијана Јанев

Во следниве редови со вас ја споделуваше успешната приказна на нашата стипендистка Јулијана Јанев и нејзините достигнувањата во училишната 2023/2024. Таа е дел од фондот за талентирани средношколци “ТАЛЕНТИ ДЕНЕС – ЛИДЕРИ УТРЕ”.

Секој човек има потреба од мотивација и добра мисла за успешно остварување на своите соништа. Довербата добиена од Фондацијата МК 2025 беше клучна мотивација за Јулијана Јанев, која ја водеше кон поголеми успеси и остварување на своите соништа. Успехот ја враќа самодовербата, прави човек да биде среќен и задоволен. Благодарение на поддршката од Фондацијата МК 2025, Јулијана имаше можност да се надоградува себеси, да учи нови нешта и да биде успешна.

Јулијана изразува особена благодарност за можноста да има најдобрата менторка Маја Чаначевиќ. Кога станала стипендист и добила менторка, Јулијана си го замислила тоа како нешто многу строго. Но, по запознавањето со нејзината менторка, сфатила дека тоа е најдоброто нешто што може да биде, да има некој кој е достапен во секое време за сите прашања и дилеми во кариерата. Менторката несебично ги споделува своите искуства и сака да ја насочи и олесни патот на нејзината иднина. Јулијана се видела себеси во неа и се надева на продолжување на нивната соработка во иднина.

Учебната 2023/24 година беше исполнета со многу настапи, едукација и награди. Највпечатливи моменти и награди од оваа година се:

Награди:

  • Прва награда – Меѓународен натпревар за камерна музика Кавадарци
  • Прва награда – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип (соло пијано)
  • Прва награда – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип (Историја на музика)
  • Прва специјална награда – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип (камерна музика)
  • Гран При за класична музика – Меѓународен натпревар Сергеј Михајлов Штип
  • Прва специјална награда – Општински и регионален 2024 (камерна музика)
  • Прво место – Државен натпревар 2024 (камерна музика)
  • Прва специјална награда – Општински и регионален 2024 (соло пијано)
  • Второ место – Меѓународен натпревар Полихимниа (соло пијано)
  • Прво место – Меѓународен натпревар Полихимниа (камерна музика)
  • Апсолутно прва награда – Меѓународен натпревар Concorso Musicarte Италија (соло пијано)

Семинари:

  • Пијано семинар под раководство на проф. Д-р Марија Ѓошевска, истакната пијанистка и професор на ФМУ Скопје. Семинарот претставуваше откривање на нови нешта и надградба на знаењето.
  • Семинар по хармонија со проф. Живојин Глишиќ
  • Семинар со турската професорка Жирин Акбулут Демирчи, запознавање со женски композитори на класична музика во Турција.

Настапи:

  • Настап на четвртото издание на циклус концерти организирани од младината на Македонија, проект Слободна среда поддржан од Министерство за култура, во музеј на Македонската борба во Скопје.
  • Настап во Мултимедијалниот центар при Економски факултет Штип, концерт по повод Ден на пијаното.
  • Настап во ООМУ “Боро Џони” Струмица, завршен концерт на серијалот од концерти “Денови на пијаното” организиран од здружението Камерата Ад Астра – Струмица.
  • Настап на завршниот концерт на меѓународниот натпревар “Сергеј Михајлов” Штип.
  • Настап на гала концертот на Меѓународниот натпревар Полихимниа.
  • Концерт на млади пијанисти во Безистено во Штип, организиран од организаторите на натпреварот Young Piano Talents – America.
  • Настап на Денови на европско Скопје 2023, организиран од музичката младина на Македонија.
  • Интервју во Канал ВИС Струмица за концертите одржани во Струмица и Штип, разговор за идните планови.
  • Новогодишен концерт на пијано класата на ДМУЦ “Сергеј Михајлов” Штип.
  • Јавен час на проф. м-р Славчо Величков.
  • Јавен час на проф. м-р Бисера Иванова Ѓориева.

Јулијана исто така реализираше четири солистички концерти во оваа година:

  • Првиот концерт се одржа на 20.11.2023 во Струмица, во ОМУ “Боро Џони”. Ова беше нејзин трет солистички концерт и 85-ти јавен настап. Концертот помина успешно, со преполна сала и задоволна публика.
  • Вториот концерт се одржа на 22.11.2023 во салата на музичката академија при УГД “Гоце Делчев” Штип. Концертот беше од големо значење, со преполна сала и поддршка од колегите и професорите.
  • Потоа следат уште два солистички концерти на 18.06.2024 во Уметничка галерија Безистен Штип) и на 20.06.2024 во Дом на културата Антон Панов Струмица.

Солистичките концерти се од особено значење за Јулијана и нејзината кариера, бидејќи преку нив го истакнува својот напредок. После краткиот одмор ќе започне со подготовка за следната година со јасно зацртани цели.

Нејзиниот талент е препознае и од локалните медиуми: https://www.facebook.com/kanalvis/videos/1171760517116565

Фондацијата МК 2025 ќе остане во нејзините сеќавања како едно од најдобрите нешта што и се случиле, со надеж за понатамошна соработка и поголеми заеднички успеси.

На крајот на овој извештај, Фондацијата МК 2025 изразува огромна благодарност за посветеноста и трудот што Јулијана Јанев ги вложи во своето образование и уметничка кариера. Нејзините постигнувања се вистинска инспирација и потврда за значењето на поддршката и мотивацијата.

Со искрени желби за понатамошен успех, се надеваме дека Јулијана ќе продолжи да го негува својот талент и да освојува нови врвови. Ние, од Фондацијата МК 2025, сме горди што сме дел од нејзиното патување и со нетрпение очекуваме да ги видиме нејзините идни достигнувања. На Јулијана ѝ посакуваме бесконечна инспирација, уште многу успеси и радости во нејзината кариера.

Posted on

Успесите на Наталија Тасевска, стипендистка од Фондот за талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„

Наталија Тасевска, е наша стипендистка од фондот за талентирани средношколци “Таленти денес-лидери утре„.

Наталија која е во трета година на средното училиште „Ацо Русковски“ во Берово, продолжува со нејзиниот импресивен развој и активен ангажман во различни области. Таа не само што ги продлабочува своите уметнички и музички способности, туку и постигнува значајни успеси на голем број на натпревари. Имено, во изминатиов период, Наталија продолжува да учествува на натпревари и активности, додавајќи уште повеќе постигнувања на нејзиното портфолио. Со особено задоволство споделуваме некои од нив. Издвоено е нејзиното учество во натпреварот организиран од Амбасадата на Кралството Холандија, каде што со нејзиното кусо креативно анимирано видео на тема „Како да ја спречиме корупцијата?“ освоила трето место. Наградата и беше доделена од Роберт Декер, заменик амбасадор на Кралството Холандија. Ова признание дополнително ја мотивира и ја поттикнува нејзината креативност и уметничко изразување.

Нејзиниот академски успех е поткрепен и со одлични резултати на државниот натпревар по Македонски јазик и литература, каде што освоила трето место. Натпреварот бил фокусиран на морфологија, литературни дела и историјата на македонскиот јазик од 14 до 18 век, што укажува на нејзината способност да се натпреварува и истакнува во комплексни и захтевни академски области.

Наталија се занимава и со хемија, информатика, веб дизајн и создавање дигитални содржини, покажувајќи дека нејзиниот интерес се протега надвор од конвенционалните академски граници. Таа е исклучително активна во области кои нудат практично искуство и знаење, што ќе и биде корисно во понатамошното образование. Продолжува и со нејзината пасија – цртањето, а во меѓувреме нејзините цртежи го разубавуваат и училишниот хол.

Менторството играло значајна улога во нејзиниот личен и професионален развој, давајќи ѝ простор за размислување и развој на цели и амбиции во врска со нејзиното понатамошно образование. Еве што таа сподели за ова искуство: “Кога првпат прочитав за можноста за менторство, чувствував исполнетост со радост и благодарност. Одзивот беше моментален – без размислување, го примив предложениот состанок. Мојата менторка, беше исклучително отворена од самото почеток и со неа разговаравме за моите досегашни успеси, како и за чувствата, емоциите и искуствата кои ги имам, но и за моите амбиции и цели за иднината. Се чувствував слободно да споделувам и да размислувам на едно друго ниво. Исклучително сум благодарена на фондацијата МК2025 за можноста да работам со таква прекрасна менторка и личност.”

Во оваа прилика и пожелуваме многу успех и ја бодриме нашата Наталија во сите нејзини идни предизвици.

Понатаму, во февруари зедов успешно учество на натпреварот по хемија. Исто така ги надополнив моите знаења по информатика и во програмските јазици, па со мојата професорка и ментор Ивана Димовска постојано вежбав за дополнување на моите знаења по предмет што сакам да ми биде и понатамошно мое образование. Се пријавив и за вежби за натпревар, каде решаваме потешки задачи од тие во училиште. Исто така почнав да правам и некои веб страни, дигитални цртежи и некои дигитални постери и кратки видеа за вежби. Продолжив и со цртање, а во меѓувреме цртав и во училиштето.

За менторството

Денот кога ми стигна меилот, кога прочитав во врска со менторството, јас бев пресреќна и преблагодарна што ја имав таа можност. Штом видов, веднаш испратив меил на менторката Нела дека прифаќам да се запознаеме.Таа ми испрати меил со наведени датум и време кога е слободна. Се договоривме за време и датум и состанокот го одржавме онлајн. Најпрво, менторката Нела ми се претстави, а потоа јас кажував за мене како личност, за досегашните успеси и искуства.

Исто така разговаравме на многу интересни теми кои те тераат да размислуваш подлабоко. На пример каде се гледаш себеси за 5 години, за 10 години, истражување околу емоциите, што би направил доколку имаш премногу обврски, а многу малку време, како да бидеш организиран, за целите кои сакаш да ги исполниш, како и што би правел за тоа да го исполниш и слично.  Ми се допадна тоа што имаме можност за разговор и за вонучилишни активности исто така многу интересни.  Тоа беше едно мое ново искуство и се разбира дополнителни знаења. Се чувствував многу пријатно додека разговаравме и сум пресреќна што запознав прекрасна менторка и личност. 

Кога првпат прочитав за можноста за менторство, чувствував исполнетост со радост и благодарност. Одзивот беше моментален – без размислување, го примив предложениот состанок. Мојата менторка, беше исклучително отворена од самото почеток и со неа разговаравме за моите досегашни успеси, како и за чувствата, емоциите и искуствата кои ги имам, но и за моите амбиции и цели за иднината. Се чувствував слободно да споделувам и да размислувам на едно друго ниво.

Исклучително сум благодарена на фондацијата МК2025 за можноста да работам со таква прекрасна менторка и личност.”

Ова се некои од моите слики на ѕид во моето училиште кои би сакала да ги споделам со Вас

Posted on

Успесите на Мелани Иванова, стипендистка од Фондот за талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„

Мелани Иванова, родена во Штип и ученичка во четврта година во средното училиште „Славчо Стојменски“, несомнено ги оставила своите траги во литературниот свет. Покрај нејзината страст кон спортот, која била забележана и поздравена од организаторите на различни натпревари, таа исто така се истакнува и во областа на литературата и филозофијата.

Во продолжение споделуваме дел од успесите на Мелани.

Таа освои втори награди на повеќе престижни натпревари, меѓу кои и Државниот конкурс на слободна тема, организиран од страна на Агенцијата за млади и спорт, каде учествувале над 180 литерати Нејзината способност да спои уметност и спорт била особено истакната при оваа пригода. (линк до настанот https://ams.gov.mk/article/dodeleni-nagradite-od-konkursot-mladi-poeti). Мелани се истакнала и на Државниот натпревар по Филозофија, каде што исто така освоила второ место, демонстрирајќи го нејзиниот широк опсег на знаења и интереси.  Овој натпревар е организиран од страна на Филозофско друштво на Македонија. Оваа награда и носи право на учество на претстојната Филозофска Олимпијада во Македонија. (повеќе за настанот: https://www.facebook.com/philosophicalsocietyofmacedonia)

Нејзиниот ангажман не застанува со овие достигнувања, таа е:

  • добитник на најпрестижната награда за поетска творба на Меѓународниот литературен фестивал „Божиќна литература 2023“, организиран од Милица Паулус, што уште повеќе го потврдува нејзиното мајсторство во поезијата.
  • наградена на општинскиот литературен конкурс за есеј и на конкурсот за „Восхитна поезија“, дополнително покажувајќи ја нејзината способност да изразува комплексни мисли и емоции преку пишаниот збор.
  • освоила и втора награда на општински литературен конкурс за есеј на тема: “Шопов за некогаш и за сега“, во категорија средношколци, организиран по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов итн.

Покрај овие значајни литературни и академски постигнувања, Мелани го сподели со нас и нејзиното искуство со овозможеното менторство преку Фондацијата МК2025, каде опишува дека менторството и дало целосна перспектива за иднината и ја поттикнало кон правилниот избор за нејзиното понатамошно образование.

Таа вели: „Фондацијата МК2025 покрај сите досегашни можности за надградување на талентот на нас, младите и усовршување на сите вештини и знаења, го достигна врвот со воспоставување на едно поинакво искуство со ментор кој ќе биде стимул и насока за справување со нови предизвици, а воедно и пријател за цел живот. Менторството ми овозможи целосна перспектива за во иднина. Полека, но сигурно ме поттикнува да го направам вистинскиот избор за моето високо образование. Мојата менторка е полн погодок. Ведра, насмеана, амбициозна, спремна да ме ислуша во било кое време, а најважно од сѐ, умешна да го трасира мојот пат кон успехот. Како стипендист, трета година по ред, заедно со фондацијата МК2025 сме секогаш чекор напред, со стремеж да ги освоиме најшироките хоризонти и невозможното да го направиме возможно, а во тоа несомнено, успеваме!„

Во оваа прилика и пожелуваме многу успех и ја бодриме нашата Мелани во сите нејзини идни натпреварувања.

Posted on

Ива Костовска, стипендистка од Фондот за талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„

Ни преставува задоволство да го споделиме со вас искуството на Ива Костовска, стипендистка од стипендистка од Фондот за талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ со овозможеното менторство од страна на фондацијата МК2025.

“Воведувањето на менторството од страна на фондација е навистина прекрасно. Самата средба со менторот и можност за разговор и советување ми причинување лично задоволство, бидејќи грижата и посветеноста на фондацијата и нејзините вработени е навистина за пофалба. Особена радост ми причинува тоа што добив менторка која е спремна да ми понуди помош и подршка како во изборот на идна професија така и во мојата лична професионална надоградба, што е потреба на секоја млада личност во крајната година од средното образование.„

Во оваа прилика и пожелуваме многу успех и ја бодриме нашата Ива во сите нејзини идни предизвици.

Posted on

Јована Ана Хаџи Христовска, стипендистка од Фондот за талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„

Јована Ана Хаџи Христовска, ученичка во трета година во средното училиште „Орце Николов“ во Скопје, продолжува да ја инспирира заедницата со своите активности и достигнувања. Со непоколеблива посветеност кон позитивни промени, таа се истакнува не само преку своето волонтерство во Црвениот крст, каде што нуди поддршка и се стреми кон подобра иднина за сите, туку и преку активното учество во различни проекти и дебати, особено оние кои се фокусираат на заштита на животната средина.

Нејзината ангажираност не заостанува зад нејзините академски обврски. Неодамна, Јована и нејзиниот тим од организацијата “Имам Став!”, под водство на професор Татијана Гацова, постигнале значителен успех со учеството на дебата во Европскиот парламент во Стразбур. Тие успешно се справиле со предизвикот, покажувајќи импресивни способности за аргументација и критичко мислење, особено кога станува збор за теми како што е ширењето на дезинформации преку медиумите. Во таа дебата, Јована активно учествувала во дискусии и предлагање на решенија за справување со ова прашање, застапувајќи ставови против воведувањето на факт-чекери поддржани од вештачка интелигенција и владината цензура на медиумите. Испитувањето и предизвикувањето на предлозите од другите групи потврдиле нејзините способности за аналитичко размислување и давање смислени контрааргументи. Еве што таа сподели за ова искуство: “Морам да признаам дека не беше лесно бидејќи сите држави имаа добри претставници. Имав можност и лично да ја прашам претседателката на советот на ЕП прашање на кое одговори со целосна посветеност. Оваа посета беше важна за мене и мојот личен развој од многу аспекти но исто така и за нашата држава бидејќи покажува дека и новите генерации се желни и целат кон успехот и иднината на нашата држава, ова беше истакнато и од самите претставници на ЕП, ни дадоа до знаење на нас а и на сите 590 присутни дека е голем чекор за нашата земја.„

Покрај нејзиниот активен ангажман во дебатите и волонтерството, Јована се занимава и со области како што се кодирањето и роботиката, покажувајќи голема страст кон создавањето на иновативни роботи. Нејзината посветеност кон овие технички предизвици открива дека таа не само што се стреми кон академски и социјален успех, туку и кон истражување и иновација во областа на технологијата.

Значителен дел од нејзината лична и професионална развојна патека е и нејзиното искуство со менторството кое го овозможи фондацијата МК2025, укажувајќи дека менторката игра значајна улога во нејзиното усмерување кон иднината. “Сакам да изразам најискрена благодарност кон фондацијата МК2025 и мојата менторка. Нашиот менторски процес тече природно и продуктивно. Таа не само што ги сослуша моите планови за иднината, туку и ме насочува во правилната насока. Нејзиниот реален пристап и поддршка ме поттикнуваат да го следам својот пат, и со вклопување во една реална слика за опкружувањето и барањата на пазарот на трудот.„

Во оваа прилика и пожелуваме многу успех и ја бодриме нашата Јована Ана во сите нејзини идни предизвици.