
Организацијата Македонија 2025 е посветена на создавање на просперитетна економска клима во Република Македонија која ќе ги подобри можностите за граѓаните, домашните компании и странските инвеститори. Ние промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството.
Заради остварување на нашата мисија потребени ни се лица кои се високо мотивирани, амбициозни и талентирани лица. Опис на позицијата: Како главен оперативен директор (ЦОО) на Македонија2025, ќе бидете одговорни за надзор и управување со секојдневните операции на организацијата за да се обезбеди непречено функционирање и раст. Известувајќи директно до главниот извршен директор, ќе играте клучна улога во спроведувањето на стратешките иницијативи, оптимизација на оперативните процеси и поддршка на организациските перформанси.
Главниот оперативен директор управува со компанијата секојдневно, и ќе ги извршува следните работни обврски:
- Дизајнирање и имплементација на деловна стратегија, планови и процедури, во соработка со главниот извршен директор и Одборот на директори
- Обезбедување на координација помеѓу активностите на организацијата
- Поставување сеопфатни цели за перформанси и раст и мониторинг на напредокот кон постигнување на поставените цели
- Воспоставување на политики кои ја промовираат културата и визијата на компанијата
- Следење на секојдневните операции на компанијата и работата на персоналот, заради постигнување на ефикасност и ефективност во сите области на работењето
- Поддршка на извршниот директор во финансиско планирање, буџетирање, соработка со асистентот за финансии и одржување на финансиската стабилност на организацијата
- Водење на вработенита да постигнат максимални перформанси и посветеност
- Известување и соработка со извршниот директор за сите важни работи
- Помагање на извршниот директор во напорите за мобилизација на средства
- Учество во активности за проширување (нови програми, инвестиции, партнерства, итн.)
- Управување на односите со партнерите и главните стејкхолдери.
Услови за работа:
Позицијата е со работно време од 40 часа неделно во Скопје. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 6 месеци пробна работа (која ќе вклучува и обука), со можност за продолжување на договорот и редовно вработување на неопределено време. Месечниот надоместок ќеизнесува најмалку 70,000 денари во нето износ.
Работата на раководителот ќе се оценува најмалку еднаш годишно од страна на главниот извршен директор и претседателот на Одборот на директори на Македонија2025. Работата се оценува врз основа на однапред утврдени таргети. Согласно успешноста во работата, ќе имате право на пораст на платата и/или бонус за успешност во работата.
Квалификации и вештини:
- Завршени додипломски или магистерски студии;
- Релевантно работно искуство на средно ниво на менаџмент од најмалку 7 години;
- Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан Англиски јазик;
- Напредно познавање на алатките на Microsoft Office (посебно Word и Excel) и Google;
- Аналитичност, прецизност и деталност во работењето;
- Способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено;
- Креативност и само-иницијатива, желба за постојано учење и надградување на знаењето;
- Навременост и строго почитување рокови;
- Подготвеност за индивидуална и тимска работа;
- Познавање и верување во мисијата на Македонија2025.
Рок и начин на пријавување:
Документите кои ги докажуваат горните барања да се достават по електронски пат на careers@macedonia2025.com. Документите треба да содржат:
- Професионална биографија;
- Мотивациско писмо на англиски јазик (најмногу една страна);
- Референци од претходни работодавачи/проектни координатори.
Првичната селекција ќе се спроведе врз основа на доставените апликации. Само избраните кандидати во втор круг ќе бидат повикани на интервју.
Почеток и завршеток на работно време: од 08:00/09:00 до 16:00/17:00 часот, од понеделник до петок.
Рокот за доставување на апликаците е 5 февруари, 2024 година. Приклучувањето кон Македонија2025 како главен оперативен директор претставува можност да придонесете кон мисијата на организацијата за поттикнување на економскиот раст и просперитет во Македонија. Доколку сте динамичен, стратешки лидер со страст за оперативна извонредност и позитивно влијание, ве покануваме да аплицирате за оваа влијателна улога.
Напомена: Овој опис на работното место е општ опис на одговорностите и квалификациите и може да подложи на промени согласно потребите на Македонија2025.